Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

НЛБ Банка со нова современо опремена експозитура во Тафталиџе

НЛБ Банка денеска со отворањето на нова експозитура во населба Тафталиџе ја прошири својата продажна мрежа на уште една локација. Новата експозитура ќе го опслужува сегментот население и правни лица нудејќи сеопфатни банкарски услуги. Истата е опремена по најсовремени технолошки и безбедносни стандарди, како и со 24- часовна самоуслужна зона со „Cash in“ банкомат. Во самоуслужната зона клиентите самостојно ќе можат да извршуваат најразлични банкарски трансакции: исплата на готовина, уплата на дневен промет, уплата на платежни и бизнис картички, уплата на сопствени сметки, плаќање на режиски трошоци како и припејд надополнување на мобилен телефон.

 

Работното време на експозитурата ќе биде од понеделник до петок од 8 до 16 часот.

   

„Ми причинува големо задоволство што од денеска започнува со работа 53-та експозитура на НЛБ Банка. Со отворањето на оваа експозитура, кое се случува во услови на пандемија, ја прошируваме нашата продажна мрежа со уште една атрактивна локација. Нашата цел е да ја зголемиме достапноста на Банката, како и да овозможиме уште подобро корисничко искуство. Во модернизиран амбиент следејќи ги нашите корпоративни бои креиравме ново катче кое ќе придонесе кон повисоко ниво на опслужување на жителите на Општина Карпош и граѓаните на градот Скопје со сите наши продукти и услуги“, истакна г-а Маја Ставрева Стојанова -  Директор на сектор за управување со продажна мрежа во НЛБ Банка.

По повод отворањето на новата експозитура, НЛБ Банка ги наградува првите сто клиенти во експозитурата и тоа: клиентите кои ќе аплицираат за НЛБ кредитнa или бизнис картичка, ќе добијат бесплатна членарина за првата година на користење, а клиентите кои за време на нивната посета во експозитурата ќе ја преземат НЛБ мКлик мобилната апликација со привилегија за плаќање, ќе добијат три месеци бесплатно користење на истата.

   

Со отворањето на оваа експозитура НЛБ Банка располага со продажна мрежа од вкупно 53 експозитури на територијата на Р. Северна Македонија, од кои 27 во Скопје, а останатите 26 надвор од главниот град.

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

01.10.2026

НЛБ Банка создава нови урбани простори за младите- Отворена првата NLB Next зона во Дебар Маало

Младите не се само дел од маалото, тие се неговиот најсилен пулс. Денеска НЛБ Банка во паркчето кај „Кино Карпош“ ја отвори првата од четирите NLB Next зони - простор што им припаѓа на младите, за нивните средби, идеи, дружења и иницијативи што го ме...

Прочитај повеќе
15.09.2026

„Top Employer“ сертификат за НЛБ Банка Меѓународно признание за квалитетно работно искуство и високи стандарди во управување со човечките ресурси

НЛБ Банка Скопје се стекна со сертификатот „Top Employer 2026“, меѓународно признание што го доделува Top Employers Institute од Холандија на организации кои применуваат високи стандарди во управувањето со човечките ресурси (ЧР) и создаваат квалитетн...

Прочитај повеќе