Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

НЛБ Банка со нова можност за одложување на отплатата на кредитните обврски за физички лица

Периодот на одложена отплата на месечните кредитни обврски на клиентите – физички лица согласно Јавната понуда на НЛБ Банка за промена на договорните услови за кредитни производи за клиенти-физички лица со број 03-7502 завршува заклучно со 30.9.2020 година.

               

Поради продолжувањето на несаканите ефекти на пандемијата предизвикана од Covid-19 вирусот, а со цел да излезе во пресрет на своите клиенти – физички лица за полесно надминување на негативните последици, НЛБ Банка повторно ќе овозможи одложување на плаќањето на кредитните обврски за сите кредитни продукти.  

 

Можноста за одложување на плаќањето ќе се однесува на сите физички лица, кредитокорисници во НЛБ Банка, кои имаат активни кредити, кредитни картички и/или дозволено пречекорување на трансакциска сметка и кои на 29.02.2020 година се класифицирани во категорија на ризик А, Б или В, и немаат статус на нефункционална кредитна изложеност, како и на кредитокорисници во НЛБ Банка кои имаат кредитна изложеност која што е одобрена во период од 1.3.2020 до 24.3.2020 година и се финансиски афектирани од пандемијата на COVID-19.

Одложувањето на плаќањето на кредитните обврски ќе биде овозможено за дополнителни 6 месеци, најдоцна до 31.3.2021 година, за клиентите - физички лица кои имаат неопходна потреба од истото, односно исполнуваат најмалку еден од следните критериуми:

 

  • Кредитокорисникот и/или со него поврзаните лица и/или ко-кредитобарателот имаат престанок на работен однос во периодот на кризата
  • Кредитокорисникот и/или со него поврзаните лица и/или ко-кредитобарателот имаат намалување на платата од најмалку 10% во периодот на кризата
  • Високи медицински трошоци поради болест предизвикана од COVID-19

 

   

Клиентите кои согласно евиденцијата на Банката исполнуваат некој од овие критериуми ќе добијат индивидуална понуда од Банката, која ќе можат да ја прифатат преку веб страницата на Банката во рок од 10 дена од датумот на доставување на понудата. Клиентите кои во овој рок нема да ја прифатат понудата ќе продолжат со редовна отплата на своите обврски.

Клиентите на кои Банката нема да им достави индивидуална понуда, а сметаат дека исполнуваат некој од наведените критериуми, ќе можат самостојно да аплицираат и да поднесат барање за одложено плаќање преку веб страницата на Банката, со приложување на соодветен документ како доказ за исполнување на некој од критериумите. При тоа Банката ќе пристапи кон разгледување на примените барања и за својата одлука дополнително ќе ги извести клиентите. 

                   

Со цел детално запознавање на клиентите со можноста за одложено плаќање на кредитните обврски,  НЛБ Банка на својата веб страница ќе објави информација со спецификација на критериумите за користење на можноста за одложено плаќање, како и дополнителни информации за начинот на спроведување.

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

06.11.2026

Во пресрет на имлементација на регулаторните промени во националниот платен промет, системски прилагодувања и времена недостапност на услуги и локации

Во текот на претстојниот викенд НЛБ Банка ќе спроведува планирани технички прилагодувања на своите системи за примена на регулаторните промени во националниот платен промет, кои стапуваат на важност од понеделник, 9 ноември 2026 година....

Прочитај повеќе
30.10.2026

Известување за клиенти

Привремено ограничување на креирањето платни налози со иден датум преку електронско и мобилно банкарство...

Прочитај повеќе
27.10.2026

НЛБ Банка ги претставува Visa Platinum и Visa Signature

НЛБ Банка ги претставува Visa Platinum и Visa Signature, две нови премиум кредитни картички наменети за клиентите за кои премиум не е исклучок, туку личен стандард. Со внимателно избрани поволности и повеќе простор за уживање, тие внесуваат нова диме...

Прочитај повеќе