Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

НЛБ Банка со целосно бесплатно мобилно и електронско банкарство до 15-ти април

Почитувани клиенти,

 

Во согласност со мерките на Владата за спречување на ширење на Корона вирусот, а со цел заштита на своите клиенти и вработени, НЛБ Банка во периодот до 15.04.2020 година на сите свои клиенти физички лица им овозможува бесплатно извршување на сите трансакции преку електронско и мобилно банкарство.

 

Во овој период  клиентите ќе имаат можност да ги извршуваат сите банкарски трансакции од дома, директно преку мобилен телефон или компјутер, без провизија за електронски налог и без трошоци за месечен надомест за користење на НЛБ мКлик мобилната апликација.

  

НЛБ мКлик мобилното банкарство може самостојно да се активира со преземање на апликацијата на Google Play и Apple store. Со избирање на НЛБ Standard пакетот, клиентите можат директно преку својот мобилен телефон, самостојно да ги реализираат сите банкарски трансакции во денарскиот и девизниот платен промет, да уплатат рата за кредит и картичка, да ги платат сите режиски трошоци, како и да имаат увид на сите сметки и трансакции од кое било место, 24/7.

 

НЛБ Банка  апелира до сите свои клиенти да се грижат за јавното здравје, да се заштитат себеси, а со тоа и да ги заштитат другите. Преку користење на НЛБ мКлик мобилното и НЛБ Клик електронското банкарство сите трансакции можат да ги реализираат од својот дом, без потреба од посета на експозитура.

 

„Заедно можеме да ги надминеме сите предизвици, доколу одговорно се однесувме и ги почитуваме превентивните мерки. Останете во Вашиот дом, бидејќи домот е место каде се луѓето кои најмногу ни значат. Ние сме со Вас заедно за се што следи и сме достапни на социјалните мрежи, на веб страницата www.nlb.mk, и на телефонскиот број 02/15-600“. – изјавуваат од Банката.

 

Со почит,

 

НЛБ Банка

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

01.10.2026

НЛБ Банка создава нови урбани простори за младите- Отворена првата NLB Next зона во Дебар Маало

Младите не се само дел од маалото, тие се неговиот најсилен пулс. Денеска НЛБ Банка во паркчето кај „Кино Карпош“ ја отвори првата од четирите NLB Next зони - простор што им припаѓа на младите, за нивните средби, идеи, дружења и иницијативи што го ме...

Прочитај повеќе
15.09.2026

„Top Employer“ сертификат за НЛБ Банка Меѓународно признание за квалитетно работно искуство и високи стандарди во управување со човечките ресурси

НЛБ Банка Скопје се стекна со сертификатот „Top Employer 2026“, меѓународно признание што го доделува Top Employers Institute од Холандија на организации кои применуваат високи стандарди во управувањето со човечките ресурси (ЧР) и создаваат квалитетн...

Прочитај повеќе