Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

НЛБ Банка предупредува: Непознати лица испраќаат лажни е-мaил пораки

Ве известуваме дека во текот на денот се испратени лажни е-маил пораки од страна на непознат испраќач, кој фалсификувајќи го идентитетот на вработена во НЛБ Банка АД Скопје и користејќи го логото, се обидува да извлече доверливи податоци од целната група до која е испратен овој e- маил притоа овие лажни пораки содржат злонамерни малициозни датотеки како прилог и содржат hyperlink кој насочува кон малициозен домеин.

  

Одредени физички и правни лица (клиенти и соработници на Банката) добиваат пораки со сомнителна содржина, со предмет на порака (Subject): Трансфер на пари SV23-11-2020 и малициозен прилог со наслов: nlbbank_6487583994877366736288_dokumenti2020.ar)

  

Банката се оградува од овие пораки и апелира до сите оние кои ќе ја добијат електронската порака ДА НЕ ЈА ОТВАРААТ ПРИЛОГ - ДАТОТЕКАТА со цел заштита од злоупотреба на податоците. Доколку ваквите пораки заедно со прилозите биле веќе отворени, потребно е да се обратите за помош до ИТ професионалец.

  

Сите известувања испратени од НЛБ Банка АД Скопје преку електронска пошта се потпишани со дигитален сертификат.

  

Во меѓувреме, Банката ги презема сите неопходни активности за справување со конкретната ситуација.

  

НЛБ Банка АД Скопје

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

01.10.2026

НЛБ Банка создава нови урбани простори за младите- Отворена првата NLB Next зона во Дебар Маало

Младите не се само дел од маалото, тие се неговиот најсилен пулс. Денеска НЛБ Банка во паркчето кај „Кино Карпош“ ја отвори првата од четирите NLB Next зони - простор што им припаѓа на младите, за нивните средби, идеи, дружења и иницијативи што го ме...

Прочитај повеќе
15.09.2026

„Top Employer“ сертификат за НЛБ Банка Меѓународно признание за квалитетно работно искуство и високи стандарди во управување со човечките ресурси

НЛБ Банка Скопје се стекна со сертификатот „Top Employer 2026“, меѓународно признание што го доделува Top Employers Institute од Холандија на организации кои применуваат високи стандарди во управувањето со човечките ресурси (ЧР) и создаваат квалитетн...

Прочитај повеќе