Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

НЛБ Банка по повод 35 годишниот јубилеј ja продолжува промотивна кампања за кредити

НЛБ Банка најави продолжување на тековната промотивна кампања за сите кредити за физички лица до крај на годината односно до 31.12.2020 година.

 

Во рамките на промотивната кампања кредитите ќе се нудат по поповолни услови, без трошоци за одобрување и без трошоци за проценка.

„Земањето кредит претставува голема одлука за нашите клиенти, посебно во актуелните услови. Преку олеснителните услови за аплицирање, веруваме дека ваквата поддршка ќе ги охрабри нашите клиенти и ќе ги поттикне токму сега да ги остварат личните и семејни планови“ – изјавија од Банката.      

 

Оваа година НЛБ Банка го прославува и својот 35 годишен јубилеј, па по тој повод НЛБ Станбениот кредит е со рок на отплата до 35 години, а НЛБ Потрошувачкиот кредит е со фиксна каматна стапка за првите 35 месеци. Подолгиот период на фиксност на каматната стапка кај потрошувачките и станбените кредити, на клиентите им остава простор на подолг рок да го планираат семејниот буџет и да обезбедат стабилни месечни трошоци за кредити. Дополнително, со подолгиот период на отплата до 35 години кај станбениот кредит, клиентите имаат можност да земат поголем износ на кредит при решавање на станбеното прашање.

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

01.10.2026

НЛБ Банка создава нови урбани простори за младите- Отворена првата NLB Next зона во Дебар Маало

Младите не се само дел од маалото, тие се неговиот најсилен пулс. Денеска НЛБ Банка во паркчето кај „Кино Карпош“ ја отвори првата од четирите NLB Next зони - простор што им припаѓа на младите, за нивните средби, идеи, дружења и иницијативи што го ме...

Прочитај повеќе
15.09.2026

„Top Employer“ сертификат за НЛБ Банка Меѓународно признание за квалитетно работно искуство и високи стандарди во управување со човечките ресурси

НЛБ Банка Скопје се стекна со сертификатот „Top Employer 2026“, меѓународно признание што го доделува Top Employers Institute од Холандија на организации кои применуваат високи стандарди во управувањето со човечките ресурси (ЧР) и создаваат квалитетн...

Прочитај повеќе