Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

НЛБ Банка објави детални информации за одложената отплата на месечните кредитни обврски на клиентите

Поради продолжувањето на несаканите ефекти од пандемијата предизвикана од Covid-19 вирусот, а со цел да излезе во пресрет на своите клиенти – физички лица за полесно надминување на негативните последици, НЛБ Банка повторно овозможи одложување на плаќањето на кредитните обврски за сите кредитни продукти.  

Во врска со оваа можност, Банкатаги известува своите клиенти – физички лица, декана својата веб страница објави детални информацииза одложената отплата на месечните кредитни обврски.Овасе однесувана клиентите корисници на кредитни продукти (кредити, кредитни картички и дозволено пречекорување на трансакциски сметки) кои имаат влошување на својата финансиска состојба како последица од Covid-19 кризата, а со тоа и реална потреба од одложување на кредитните обврски. Притоа, за да го искористат правото на одложено плаќање треба да исполнуваат некој од дефиниранитекритериуми:

  • Да имаат престанок на работен однос на кредитокорисникот и/или со него поврзано лице/а и/или ко-кредитобарателот
  • Да имаат намалување на платата од најмалку 10% на кредитокорисникот и/или со него поврзано лице/а /или ко-кредитобарателот
  • Да имаат високи медицински трошоци поради болест предизвикана од Covid-19 

До сите клиенти – физички лица, кои согласно евиденцијата на Банката исполнуваат некој од наведените критериуми, доставени се индивидуални понуди. Клиентите кои ќе добијат индивидуална понуда, имаат рок од 10 дена,најдоцна до 14.09.2020,да ја прифататдоставената понудата преку веб страницата на Банката.

 

Истовремено, НЛБ Банка ги охрабрува и повикува сите клиенти – физички лица корисници на кредитни изложености, кои нема да добијат индивидуална понуда, а сметаат дека исполнуваат некој од наведените критериуми, да поднесат барање за одложено плаќање. Барањето може да го поднесат преку веб страницата, при што преку истата форма потребно е да прикачат соодветен документ како доказ за исполнување на некој од критериумите.

 

Со можноста за одложено плаќање на кредитните обврски,НЛБ Банка уште еднаш покажува грижа засвоите клиентиво насока на олеснето справување со актуелната криза, додека преку целосно дигитализираниот процес, без дополнителна потреба за посета на експозитура, придонесува кон заштита на јавното здравје, но и заштеда на време, како и подобро корисничко искуство.

 

Повеќе информации за можноста за одложување на кредитните обврски за физички лица можат да се добијат на веб страницата https://bit.ly/3hZPs0uили телефон 02/15600.

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

06.08.2026

ЕБРД одобрува зелен финансиски кредит од 4 милиони евра на НЛБ Банка во Северна Македонија

Ново финансирање за станбените објекти во рамките на програмата GEFF III REpower на Западен Балкан. ...

Прочитај повеќе
04.08.2026

Известување за измени во Рамковен договор, Општи услови и Тарифа на надоместоци за правни лица

Прочитај повеќе
27.07.2026

НЛБ Банка го заокружи првото полугодие со силен раст, континуирана дигитална трансформација и унапредено клиентско искуство

НЛБ Банка го заврши првото полугодие од 2026 година, продолжувајќи со силен раст и успешна реализација на своите стратешки приоритети. Според неревидираните финансиски резултати, Банката ја зголеми кредитната активност, оствари раст на депозитната ба...

Прочитај повеќе