Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

НЛБ Банка наградена за најдобра банка во категорија „Поврат на капитал“ oд реномираниот магазин „Fin“

НЛБ Банка годинава се најде на врвот на листата за Најдобра банка во Р. Северна Македонија во категорија „Поврат на капитал“ според финансискиот магазин „Finance Central Europe”. „Finance Central Europe“, e реномиран финансиски магазин кој веќе 21-ва година по ред успешно ги рангира банките во регионот на Југоисточна Европа според повеќе криериуми. Наградите од Finance Central се врз основа на најточниот финансиски ранг, заснован врз независни ревидирани бројки и независни, професионални пресметки направени од страна на надворешни агенции за оценување и независни консултанти.

„Постојат многу фактори кои го одредуваат успешниот бизнис. Еден од тие фактори е повратот на капиталот за кој сметаме дека е важен сегмент од нашето работење и еден од факторите за идентификување на долгорочните успешни деловни активности. Ваквата награда претставува уште еден поттик да продолжиме со исто темпо на работа, со фокус кон нашите клиенти дури и во време на силни предизвици поради пандемијата со Ковид-19. Да се биде во друштво на најдобрите од банкарскиот сектор во Југоисточна Европа претставува голема чест и мотив посебно што НЛБ е Банка чие срце и припадност се овде, во овој регион, па ќе сториме сè што е во наша моќ за да ја одржиме оваа позиција и да излеземе во пресрет на потребите и барањата на клиентите“, изјавија од Банката.

  

НЛБ Банка АД Скопје e една од водечките банкарски институции во Република Северна Македонија со постојан тренд на пораст и континуирано позитивни резултати од нејзиното основање, па се до денес. Банката е членка на НЛБ Групацијата и претставува една од најголемите и најуспешни банки членки на Групација кoja работи со позитивни резултати и обезбедува висок поврат на инвестицијата.

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

10.11.2026

Вашиот следен чекор кон сопствен дом со НЛБ Банка - Станбен кредит со каматна стапка од 2,95%

Сопствениот дом е повеќе од адреса. Тој е омилениот простор за утринско кафе, просторот за заеднички моменти и местото во кое новите планови добиваат своја соба. За сите што се подготвуваат за овој важен животен чекор, НЛБ Банка нуди станбени кредити...

Прочитај повеќе
09.11.2026

Известување за спроведување на истражување на задоволството на клиентите - физички и правни лица

Почитувани клиенти, Ве информираме дека во периодот од 9.11.2026, НЛБ Банка спроведува анкети во рамки на “Истражување на задоволството на клиентите и истражување за брендот....

Прочитај повеќе
06.11.2026

Во пресрет на имлементација на регулаторните промени во националниот платен промет, системски прилагодувања и времена недостапност на услуги и локации

Во текот на претстојниот викенд НЛБ Банка ќе спроведува планирани технички прилагодувања на своите системи за примена на регулаторните промени во националниот платен промет, кои стапуваат на важност од понеделник, 9 ноември 2026 година....

Прочитај повеќе