Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

НЛБ Банка го овозможи мобилното банкарство за корисниците на новите Huawei телефони

НЛБ Банка го овозможи користењето на НЛБ мКлик - мобилното банкарство за физички лица и НЛБ мПроклик - мобилното банкарство за правни лица на платформата AppGallery, за корисниците на новите модели на Huawei мобилни телефони.

 

Достапноста на апликациите за мобилно банкарство за физички и правни лица и преку платформата Huawei AppGallery е од големо значење, бидејќи обезбедува поголема достапност на дигиталните сервиси и можност истите да ги користат сите клиенти на банката.

Апликацијата НЛБ мКлик за физички лица е достапна на следниот линк: https://appgallery.huawei.com/#/app/C103005871

Апликацијата НЛБ мПроклик за правни лица е достапна на следниот линк: https://appgallery.huawei.com/#/app/C103010517

 

НЛБ мКлик мобилното банкарство за физички лица и НЛБ мПроклик мобилното банкарство за правни лица имаат модерен и интуитивен дизајн и овозможувaат едноставен пристап до податоците и проверка на состојбата на сите сметки, во било кое време и од било кое место, без потреба од посета на Банката. Преку овие две апликации за мобилно банкарство, клиентите можат да се реализираат сите банкарски трансакции брзо и лесно само со еден клик без потреба од дополнителен уред токен. Воедно, НЛБ мКлик апликацијата ја нуди можноста  за аплицирање на НЛБ мКлик кредит, како и on-line отворање на трансакциска сметка директно преку мобилен телефон.

 

Апликациите НЛБ мКлик и НЛБ мПроклик овозможуваат директен пристап до Банката, постојан увид на состојбите и прометот на сите свои сметки, како и пристап до целата палета на продукти и услуги кои Баната им ги нуди на своите клиенти.

  

Повеќе информации во врска со оваа понуда клиентите можат да добијат на веб страницатa www.nlb.mk, на социјалните мрежи на Банката или преку контакт центарот на телефон 02/15 600.

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

27.04.2026

Силен прв квартал за НЛБ Банка - Одржлив раст, дигитална трансформација и унапредување на корисничкото искуство

НЛБ Банка успешно ги заокружи првите три месеци од годинава, покажува анализата на финансиските резултати на Банката за периодот од 01.01.2026 до 31.03.2026 година. Како резултат на доследно спроведување на планот за 2026 и иницијативите од „Стратеги...

Прочитај повеќе
16.04.2026

НЛБ Промотивен депозит - Сигурност што доаѓа во вистинско време

НЛБ Банка воведува промотивна понуда за орочени депозити, креирана со цел да им овозможи на клиентите поволни приноси, но и сигурност и стабилност на нивните средства. Понудата нуди атрактивни каматни стапки за депозити во денари и во евра. Притоа, к...

Прочитај повеќе
08.04.2026

Важно известување

Забележани се лажни СМС пораки испратени до клиенти кои водат до сомнителен линк, наводно на НЛБ Банка, во кои се бара да ја ажурирате вашата сметка односно да ги оставите вашите податоци на линкот за да активирате NLB Pay. На линкот се злоупотребен...

Прочитај повеќе