Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

НЛБ Банка ги повикува децата да цртаат за убавините на нашата земја по повод Месецот на штедење

Оваа година, по девети пат, НЛБ Банка го организира НЛБ Месецот на штедење на тема: „Ги истражуваме убавините на нашата земја со Тиби и Штуки!”.

 

НЛБ Месецот на штедење започнува на 25 септември и ќе трае до 25 октомври 2020 година, a во рамките на истиот децата на возраст од 5 до 15 години ќе имаат можност да цртаат на тема ,,Штедење и истражување на убавините на нашата земја“.

„Секоја година се трудиме да креираме тема која ќе биде интересна за децата и младите, со цел да ни се приклучат на ликовниот конкурс во што поголем број. Но исто така покрај забавата сакаме темата да биде едукативна и сите заедно да научиме по нешто ново. Ако минатата година ги истражувавме и зборувавме за планетите и ѕвездите, оваа година, поттикнати од „новата реалност“ и свесни дека летниот распуст на сите нас ни помина во рамките на нашата земја , без размислување ја предложивме оваа симпатична тема каде секое дете ќе има можност да го нацрта местото кое го посетило летово и му оставило најдобар впечаток. Ова е одлична можност не само да ги покажеме нашите ликовни вештини туку и да ги споделиме и запознаеме убавините на нашата земја и да ги ѕирнеме дури и најскриените природни убавини“, изјавија од Банката.

  

Месецот на штедење и оваа година ќе има хуманитарен карактер, при што НЛБ Банка за секој пристигнат цртеж ќе донира парични средства кои ќе бидат наменети за ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести - Скопје.

  

Со оглед на ситуацијата предизвикана од Covid-19 пандемијата, а со цел поголема заштита, оваа година, дружењето со веќе добро познатите ликови на НЛБ Банка, Тиби и Штуки, ќе се одвива онлајн, а цртежите ќе можат да се прикачат единствено по електронски пат преку веб страницата креирана за оваа намена www.stedenje.nlb.mk

  

На крајот на октомври најдобрите цртежи избрани со гласање преку веб страницата stedenje.nlb.mk, како и од страна на посебна комисија составена од реномирани македонски уметници, ќе бидат наградени со парични награди.

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

10.11.2026

Вашиот следен чекор кон сопствен дом со НЛБ Банка - Станбен кредит со каматна стапка од 2,95%

Сопствениот дом е повеќе од адреса. Тој е омилениот простор за утринско кафе, просторот за заеднички моменти и местото во кое новите планови добиваат своја соба. За сите што се подготвуваат за овој важен животен чекор, НЛБ Банка нуди станбени кредити...

Прочитај повеќе
09.11.2026

Известување за спроведување на истражување на задоволството на клиентите - физички и правни лица

Почитувани клиенти, Ве информираме дека во периодот од 9.11.2026, НЛБ Банка спроведува анкети во рамки на “Истражување на задоволството на клиентите и истражување за брендот....

Прочитај повеќе
06.11.2026

Во пресрет на имлементација на регулаторните промени во националниот платен промет, системски прилагодувања и времена недостапност на услуги и локации

Во текот на претстојниот викенд НЛБ Банка ќе спроведува планирани технички прилагодувања на своите системи за примена на регулаторните промени во националниот платен промет, кои стапуваат на важност од понеделник, 9 ноември 2026 година....

Прочитај повеќе