Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

НЛБ Банка ги објави најубавите детски цртежи во рамките на НЛБ Месецот на штедење

НЛБ Банка денеска, во рамките на детскиот ликовен конкурс по повод НЛБ Месецот на штедење,  ги објави победничките цртежи на тема ,,Штедење и истражување на убавините на нашата земја“.  Овој конкурс Банката го организира традиционално по 9-ти пат и како и минатите години и оваа година тој имаше хуманитарен карактер. Банката за секој пристигнат цртеж  донираше парични средства, при што за ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести – Скопје Банката ќе донира износ од 3.000 ЕУР.

Месецот на штедeње започна на 25 септември, a во рамките на истиот децата на возраст од 5 до 15 години  имаа можност да цртаат на тема ,,Штедење и истражување на убавините на нашата земја“ и воедно  да ги споделат своите искуства и впечатоци од убавините и културните обележја на Македонија.
 

„НЛБ Месецот на штедење има посебно место во срцето на нашата Банка. За НЛБ семејството  октомври претставува асоцијација за најубавиот месец во годината бидејќи вообичаено го поминуваме во друштво со нашите дечиња. Оваа година, за жал, тоа задоволство моравме да го одложиме и целата интеракција со нив се одвиваше преку дигиталните канали и тоа заедно со јунаците од популарната ТВ серија „Дајте музика“ кои годинава ни се придружија во цртањето. Ликовниот конкурс секоја година на најмалите им овозможува не само да ги покажат нивните цртачки вештини туку и да научат нешто ново, а оваа година ги истражувавме убавините и богатствата на нашата земја. “, изјавија од Банката.  
 

Конкурсот за цртање траеше еден месец, односно од 25 септември до 25 октомври. Тој беше отворен за сите деца на возраст од 5 до 15 години и имаше награден карактер, при што се наградени вкупно 30 деца. Дваесет од нив се избрани од страна на стручната жири комисија составена од наши реномирани уметници: Микица Трујкановиќ, Сергеј Андреевски и Филип Фидановски, а остантите десет се избрани од пошироката јавност преку гласање на веб страницата на Банката. Сите добитници од овој конкурс добија штедна книшка од НЛБ Банка со штеден влог од 3.000 денари. 

 

Победничките детски цртежи и сите цртежи собрани во рамките на НЛБ Месецот на штедење може да се видат на online галеријата на линкот: www.stedenje.nlb.mk

 

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

10.11.2026

Вашиот следен чекор кон сопствен дом со НЛБ Банка - Станбен кредит со каматна стапка од 2,95%

Сопствениот дом е повеќе од адреса. Тој е омилениот простор за утринско кафе, просторот за заеднички моменти и местото во кое новите планови добиваат своја соба. За сите што се подготвуваат за овој важен животен чекор, НЛБ Банка нуди станбени кредити...

Прочитај повеќе
09.11.2026

Известување за спроведување на истражување на задоволството на клиентите - физички и правни лица

Почитувани клиенти, Ве информираме дека во периодот од 9.11.2026, НЛБ Банка спроведува анкети во рамки на “Истражување на задоволството на клиентите и истражување за брендот....

Прочитај повеќе
06.11.2026

Во пресрет на имлементација на регулаторните промени во националниот платен промет, системски прилагодувања и времена недостапност на услуги и локации

Во текот на претстојниот викенд НЛБ Банка ќе спроведува планирани технички прилагодувања на своите системи за примена на регулаторните промени во националниот платен промет, кои стапуваат на важност од понеделник, 9 ноември 2026 година....

Прочитај повеќе