Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

НЛБ Банка - единствена банка со можност за достава на пензиите на домашна адреса

Сите клиенти - пензионери на НЛБ Банка имаат единствена можност нивната пензија да им биде доставена на домашната адреса. Заинтересираните за оваа услуга потребно е да поднесат барање во најблиската експозитура на Банката и да приложат важечки документ за лична идентификација.

- Клиентите секогаш се главна грижа на НЛБ Банка и со оваа услуга сакаме уште повеќе да им го подобриме корисничкото искуство. Свесни сме дека сите не секогаш се во можност да посетат експозитура или банкомат за да ја подигнат својата пензија, особено доколку  живеат во руралните средини, и со доставата на домашна адреса се надеваме дека ќе излеземе во пресрет на што повеќе граѓани. Исто така, со оваа опција обезбедуваме и заштита во услови на пандемија - истакнуваат од НЛБ Банка.

   

Оваа можност е дел од Сребренот пакет на Банката, наменет за сите пензионери кои својата пензија ја примаат на сметка во НЛБ Банка. Преку овој пакет, на корисниците им е загарантирана исплатата на пензијата на првиот работен ден во месецот, како и користење на други продукти и услуги на Банката со поповолни услови: дозволено пречекорување на трансакциска сметка до две пензии, користење на кредитни картички со лимит до три пензии, кредитни и депозитни продукти со поповолни каматни стапки.

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

01.10.2026

НЛБ Банка создава нови урбани простори за младите- Отворена првата NLB Next зона во Дебар Маало

Младите не се само дел од маалото, тие се неговиот најсилен пулс. Денеска НЛБ Банка во паркчето кај „Кино Карпош“ ја отвори првата од четирите NLB Next зони - простор што им припаѓа на младите, за нивните средби, идеи, дружења и иницијативи што го ме...

Прочитај повеќе
15.09.2026

„Top Employer“ сертификат за НЛБ Банка Меѓународно признание за квалитетно работно искуство и високи стандарди во управување со човечките ресурси

НЛБ Банка Скопје се стекна со сертификатот „Top Employer 2026“, меѓународно признание што го доделува Top Employers Institute од Холандија на организации кои применуваат високи стандарди во управувањето со човечките ресурси (ЧР) и создаваат квалитетн...

Прочитај повеќе