Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

НЛБ Банка донираше 50 илјади евра за поддршка на Министерството за здравство и Инфективната клиника

Со цел полесно справувањето на нашата земја со пандемијата предизвикана од коронавирусот, НЛБ Банка АД Скопје реализираше донација од 50 илјади евра, како првична парична помош за поддршка во напорите на надлежните институции во справување со состојбата со COVID-19.

  

Дел од средствата од донацијата, односно 20.000 евра се искористени за набавка на медицински кревети за ЈЗУ Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје со цел опремување на полуинтензивната нега и зголемување на капацитетот на пациенти кои може да бидат третирани за време на борбата со пандемијата. Останатите 30.000 евра се наменети за отворената донаторската сметка на Министерството за здравство на Република Северна Македонија како директна финансиска помош за набавка на стоки, добра и услуги кои се потребни за заштита на населението од коронавирусот. 

 

Преку оваа финансиска помош Банката ќе даде свој придонес заеднички побрзо и полесно да се надмине една од најголемите светски здравствени кризи, како и да им се олесни на медицинските работници да ги извршуваат своите задачи.

   

„Општествената одговорност на компаниите и воопшто на поединците во услови на пандемија се исклучително важни. Како општествено одговорна компанија имаме за цел да одговориме на предизвиците кои ни ги наметна оваа пандемија и да го олесниме справувањето со последиците од истата. Преку оваа финансиска помош даваме мал придонес и помагаме на оние на кои им е најпотребно. Ние сме Банка чие срце и разум се тука заедно со Вас и затоа ќе сториме сè што е во наша моќ, со заеднички напори да се справиме со оваа ситуација. Во ова сме сите заедно и борбата е заедничка.“, изјавија од Банката.

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

01.10.2026

НЛБ Банка создава нови урбани простори за младите- Отворена првата NLB Next зона во Дебар Маало

Младите не се само дел од маалото, тие се неговиот најсилен пулс. Денеска НЛБ Банка во паркчето кај „Кино Карпош“ ја отвори првата од четирите NLB Next зони - простор што им припаѓа на младите, за нивните средби, идеи, дружења и иницијативи што го ме...

Прочитај повеќе
15.09.2026

„Top Employer“ сертификат за НЛБ Банка Меѓународно признание за квалитетно работно искуство и високи стандарди во управување со човечките ресурси

НЛБ Банка Скопје се стекна со сертификатот „Top Employer 2026“, меѓународно признание што го доделува Top Employers Institute од Холандија на организации кои применуваат високи стандарди во управувањето со човечките ресурси (ЧР) и создаваат квалитетн...

Прочитај повеќе