Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

НЛБ Банка АД Скопје прогласена за најдобра банка за 2019 година на EuropeBankingAwards

НЛБ Банка АД Скопје на годинешнитеEuropeBankingAwards за 2019 година ја доби  четвртата по реднаграда за Најдобра банка во земјата од финансискиот магазин ЕМЕА. 

  

Станува збор за реномираното списанието ЕМЕА кое ја доделува наградата и има уредничка визија да биде „независен глас“ на финансиската заедница користејќи високо ниво на новинарска етика и интегритет во пренесувањето на содржините на финансиската заедница.Критериумите и параметрите врз основа на кои беа доделени овие престижни награди се однесуваат врз способноста на банките и финансиските институции да овозможат иновативни производи и услуги, да покажат одлични резултати во инвестициското банкарство, како и способност и капацитет да функционираат како социјално одговорни компании во општеството од кое се дел.

   

Инвестициите во дигитализацијата и новите технологии, подобрениот квалитет на средствата и посветеноста на сите вработени и овозможија на НЛБ Банка и минатата година да оствари извонредни финансиски резултати. Банката постојано добива признанија за своите резултати и постигнувања и е континуирано препознаена како најнаградувана банка.
  

НЛБ Банка АД Скопје е дел од НЛБ Групацијата и се вбројува меѓу најпрофитабилните компании во Северна Македонија што се должи на континуирани продажни активности со особен фокус кај населението, микро, малите и средни претпријатија, засилен финансиски сервис за корпоративните клиенти и на значајните инвестиции во електронските сервиси.

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

01.10.2026

НЛБ Банка создава нови урбани простори за младите- Отворена првата NLB Next зона во Дебар Маало

Младите не се само дел од маалото, тие се неговиот најсилен пулс. Денеска НЛБ Банка во паркчето кај „Кино Карпош“ ја отвори првата од четирите NLB Next зони - простор што им припаѓа на младите, за нивните средби, идеи, дружења и иницијативи што го ме...

Прочитај повеќе
15.09.2026

„Top Employer“ сертификат за НЛБ Банка Меѓународно признание за квалитетно работно искуство и високи стандарди во управување со човечките ресурси

НЛБ Банка Скопје се стекна со сертификатот „Top Employer 2026“, меѓународно признание што го доделува Top Employers Institute од Холандија на организации кои применуваат високи стандарди во управувањето со човечките ресурси (ЧР) и создаваат квалитетн...

Прочитај повеќе