Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

НЛБ Банка преку кампања со Visa картичките до поддршка за најпогодените бизниси од COVID-19 кризата.

НЛБ Банка во периодот од 1.9.2020 до 30.9.2020 година спроведува промотивна кампања за НЛБ Visa картичките за физички лица. Преку оваа кампања, Банката, од една страна обезбедува  низа поволности за своите клиенти – корисници на НЛБ Visa картичките, а од друга страна овозможува помош за  бизнисите кои се најпогодени од кризата и на кои во овој момент им е потребна поддршка. 

 
Во рамки на кампањата, првите 1.000 клиенти кои со НЛБ Visa картичките ќе направат 10 безготовински трансакции (на минимален износ од 300 мкд по трансакција), добиваат вредносна картичка од 3.000 мкд.

Средствата од картичката клиентите ќе може да ги искористат во период до 30.11.2020 година на продажни места од најпогодените дејности и тоа: угостителство, салони за убавина, фризерски салони, стоматолошки ординации, дерматолошки ординации, туристички агенции, продавници за спортска опрема, облека, накит итн. На овој начин, преку одобрување на дополнителни финансиски средства и нивно искористување во загрозените дејности, Банката обезбедува поддршка и придонесува за заживување на бизнисите.

 

„Во НЛБ Банка секогаш тргнуваме од потребите и барањата на нашите клиенти. Ја наградуваме нивната лојалност и пружаме поддршка и помош на оние на кои им е најпотребно. Веруваме дека со оваа кампања ќе успееме да ги поттикнеме клиентите да ја искористат можноста да добијат вредносна картичка од 3.000 денари и преку трошење на овие средства да им помогнат на најпогодените дејности. Со ова, не само што ќе ги наградиме нашите клиенти за нивната лојалност, туку и ќе помогнеме на македонското претприемништво. Затоа ве повикуваме да ги користите НЛБ Visa картичките и да покажеме дека сме одговорни, дека се грижиме и дека во ова време на предизвици заедно можеме повеќе!“-  истакнаа од Банката.

 

Повеќе информации во врска со оваа кампања клиентите можат да добијат на веб страницатa www.nlb.mk, на социјалните мрежи на Банката или преку контакт центарот на телефон 02/15 600.

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

06.11.2026

Во пресрет на имлементација на регулаторните промени во националниот платен промет, системски прилагодувања и времена недостапност на услуги и локации

Во текот на претстојниот викенд НЛБ Банка ќе спроведува планирани технички прилагодувања на своите системи за примена на регулаторните промени во националниот платен промет, кои стапуваат на важност од понеделник, 9 ноември 2026 година....

Прочитај повеќе
30.10.2026

Известување за клиенти

Привремено ограничување на креирањето платни налози со иден датум преку електронско и мобилно банкарство...

Прочитај повеќе
27.10.2026

НЛБ Банка ги претставува Visa Platinum и Visa Signature

НЛБ Банка ги претставува Visa Platinum и Visa Signature, две нови премиум кредитни картички наменети за клиентите за кои премиум не е исклучок, туку личен стандард. Со внимателно избрани поволности и повеќе простор за уживање, тие внесуваат нова диме...

Прочитај повеќе