Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

Известување за соработниците на НЛБ Банка за постапување согласно Уредба со законска сила за примена

Почитувани,

  

На 27.03.2020 година во Службен Весник бр.80, донесена е Уредба со законска сила за примена на Законот за данок на додадена вредност за време на вонредна состојба и ќе биде во примена за време на траењето на вонредната состојба. Согласно истата, за електронска фактура ќе се смета фактура во електронска форма (pdf или друг електронски формат) која ги содржи сите елементи на фактурата утврдени со член 53 став (10) од Законот за данок на додадена вредност и е доставена по електронски пат до примателот на прометот.

 

Ги известуваме сите наши соработници дека Банката го подржува овој начин на достава на фактурите и за таа цел ќе ја користи единствено следната е-маил адреса efakturi_primeni@nlb.mk

  

Воедно, Ве замолуваме како наш соработник, кој смета дека примената на Уредбата е прифатлива за Вас и сте отпочнале со нејзината примена или планирате да ја применувате во овој временски период:

 

  • Да ни доставите Известување за применување на Уредбата од Ваша страна, на маил адресата: efakturi_primeni@nlb.mk (во известувањето наведете од кои маил адреси ќе бидат испраќани ваквите фактури, доколку не е наведено ќе сметаме дека тоа е адресата од која е испратено известувањето).
  • На Вашето известување, ќе добиете одговор кој ќе значи согласност од страна на Банката.
  • По добиениот одговор, Ве молиме сите фактури наменети за НЛБ Банка да ги испраќате електронски на истата е - маил адреса: efakturi_primeni@nlb.mk за понатамошно процесирање од страна на Банката. 

 

Со почит,


НЛБ Банка АД Скопје           

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

01.10.2026

НЛБ Банка создава нови урбани простори за младите- Отворена првата NLB Next зона во Дебар Маало

Младите не се само дел од маалото, тие се неговиот најсилен пулс. Денеска НЛБ Банка во паркчето кај „Кино Карпош“ ја отвори првата од четирите NLB Next зони - простор што им припаѓа на младите, за нивните средби, идеи, дружења и иницијативи што го ме...

Прочитај повеќе
15.09.2026

„Top Employer“ сертификат за НЛБ Банка Меѓународно признание за квалитетно работно искуство и високи стандарди во управување со човечките ресурси

НЛБ Банка Скопје се стекна со сертификатот „Top Employer 2026“, меѓународно признание што го доделува Top Employers Institute од Холандија на организации кои применуваат високи стандарди во управувањето со човечките ресурси (ЧР) и создаваат квалитетн...

Прочитај повеќе