Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

Известување за работно време на експозитурите на НЛБ Банка од 06.04.2020 година.

Почитувани клиенти,   

     

Во согласност со моменталната ситуација на ширење на Корона вирусот, а со цел заштита на своите клиенти и вработени, НЛБ Банка изврши промена на работното време на своите експозитури почнувајќи од понеделник 06.04.2020 година и тоа:
   
• Сите експозитури на НЛБ Банка од понеделник до петок ќе работат во период од 08:30 до 15:00 часот, освен Eкспозитура Дирекција која ќе работи од 08:30 до 16:00 часот.

• Експозитурите на Банката во сабота нема да работат.

Воедно, Ве информираме дека Експозитурите на Банката продолжуваат со работа за клиентите со извршување на сите банкарски трансакции.

Работното време на експозитурите ќе се менува тековно согласно расположливите капацитети, актуелни мерки и состојби и истото редовно ќе се ажурира на веб страницата на Банката на следниот линк

 
За Ваша заштита и заштита на Вашите блиски, Банката уште еднаш апелира да останете дома, да ги минимизирате посетите на експозитурите доколку не се неопходни и да ги извршувате сите банкарски трансакции преку мобилното и електронското банкарство без провизии до 15.04.2020 година.

Ние сме заедно со Вас за сè што следи и сме достапни на социјалните мрежи, на веб страницата и на телефонскиот број 02/15-600

       

Со почит,

 

НЛБ Банка АД Скопје

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

01.10.2026

НЛБ Банка создава нови урбани простори за младите- Отворена првата NLB Next зона во Дебар Маало

Младите не се само дел од маалото, тие се неговиот најсилен пулс. Денеска НЛБ Банка во паркчето кај „Кино Карпош“ ја отвори првата од четирите NLB Next зони - простор што им припаѓа на младите, за нивните средби, идеи, дружења и иницијативи што го ме...

Прочитај повеќе
15.09.2026

„Top Employer“ сертификат за НЛБ Банка Меѓународно признание за квалитетно работно искуство и високи стандарди во управување со човечките ресурси

НЛБ Банка Скопје се стекна со сертификатот „Top Employer 2026“, меѓународно признание што го доделува Top Employers Institute од Холандија на организации кои применуваат високи стандарди во управувањето со човечките ресурси (ЧР) и создаваат квалитетн...

Прочитај повеќе