Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

Известување за променето работно време на експозитурите на НЛБ Банка и превентивни мерки...

Почитувани клиенти,

 

Би сакале да Ве информираме дека согласно усвоените мерки на Владата, а по препорака на Комисијата за заразни болести на Република Северна Македонија, со цел превенција на ширење на Корона вирусот, за времетраење на истите, НЛБ Банка изврши промена на работното време на експозитурите, и тоа:

 

Експозитурата во Валандово ќе работи со скратено работно време од понеделник до петок од 08:00 до 12:00 часот, додека експозитурите Карпош 4, Три бисери, Клинички центар и Соборен храм нема да работат.

 

Исто така, НЛБ Банка воведе превентивни мерки и насоки за заштита на вработените и клиентите:

  

ИЗБЕГНУВАЈТЕ ГУЖВА


Минимизирајте ја посетата на експозитури, закажувањето на состаноци, директниот контакт со соработници и вработени, како и ракување и долго седење во затворени простории.

 

ДЕЗИНФИЦИРАЈТЕ СЕ


Во секоја експозитура поставени се средства за дезинфекција. Доколку имате неодложна потреба за посета на некоја од експозитурите, Ве молиме да ги користите средствата за дезинфекција.

 

КОНТАКТИРАЈТЕ НÉ


Контактирајте нé на 02/15-600 и на мејлот info@nlb.mk во било кое време. Дополнително, доколку Ви треба консултација со вработен во некоја од експозитурите, на следниот линк Ви се достапни телефонските броеви и мејл адресите на експозитурите: https://bit.ly/2TZ54H1

 

 КОРИСТЕТЕ ГИ НЛБ CASH–IN БАНКОМАТИТЕ


НЛБ Cash-In банкоматите Ви овозможуваат да реализирате дополнителни услуги како уплата на сметка, платежни картички, кредити, дневен промет и режиски трошоци. Листата на НЛБ Cash-In банкомати Ви е достапна на следниот линк: https://bit.ly/3aDdhr4

 

КОРИСТЕТЕ МОБИЛНО И ЕЛЕКТРОНСКО БАНКАРСТВО


Користете ги дигиталните канали на Банката кои Ви овозможуваат реализација на сите банкарски трансакции од кое било место и во кое било време. Преку нив можете да имате постојан увид на сите Ваши сметки, да вршите безготовински плаќања, да плаќате обврски за картички и кредити и режиски трошоци, да правите промена на лимитите за плаќање или подигнување готовина со вашите НЛБ Kартички.

 

 ПЛАЌАЈТЕ БЕЗГОТОВИНСКИ И БЕСКОНТАКТНО СО НЛБ ПЛАТЕЖНИТЕ КАРТИЧКИ


Безготовинските трансакции Ви се достапни во секое време преку картичките на НЛБ Банка и Ви овозможуваат дополнителна заштита бидејќи на овој начин немате директен контакт со готовина. За дополнителна заштита, плаќајте бесконтактно со едноставно приближување на картичката до ПОС терминалот.

 

ПЛАЌАЈТЕ БЕСКОНТАКТНО СО NLB PAY МОБИЛЕН ПАРИЧНИК


Плаќајте преку мобилниот паричник NLB Pay, брзо и бесконтактно, само со доближување на мобилниот телефон на ПОС терминал. Апликацијата можете да ја преземете на следниот линк: https://play.google.com/store/apps/details?id=mk.nlbpay.makedonija

 

УПРАВУВАЈТЕ СО ЛИМИТИТЕ НА ВАШИТЕ ПЛАТЕЖНИ КАРТИЧКИ 


За Ваша поголема сигурност и безбедност при користење на НЛБ Платежните картички, имате можност преку НЛБ мКлик мобилното банкарство или НЛБ Контакт центарот да извршите промена на лимитите за  плаќање или подигнување на готовина со Вашите НЛБ Платежни картички.

 

НИЕ СМЕ ТУКА ЗА ВАС


НЛБ Контакт центарот Ви е достапен во секое време за сите Ваши потреби и прашања на телефонскиот број 02/15-600 и на мејл info@nlb.mk . Со цел навремена и квалитетна услуга на клиентите, во моментов НЛБ Контакт центарот работи со засилени капацитети. Исто така НЕЛА – НЛБ Електронскиот асистент Ви е достапен на НЛБ Viber ChatBot  24/7 за сите Ваши прашања за продуктите и услугите на НЛБ Банка. Дополнително, можете да нé контактирате и преку социјалните мрежи и веб страницата на Банката.

Ви благодариме на разбирањето.

   

Со почит,


НЛБ Банка

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

01.10.2026

НЛБ Банка создава нови урбани простори за младите- Отворена првата NLB Next зона во Дебар Маало

Младите не се само дел од маалото, тие се неговиот најсилен пулс. Денеска НЛБ Банка во паркчето кај „Кино Карпош“ ја отвори првата од четирите NLB Next зони - простор што им припаѓа на младите, за нивните средби, идеи, дружења и иницијативи што го ме...

Прочитај повеќе
15.09.2026

„Top Employer“ сертификат за НЛБ Банка Меѓународно признание за квалитетно работно искуство и високи стандарди во управување со човечките ресурси

НЛБ Банка Скопје се стекна со сертификатот „Top Employer 2026“, меѓународно признание што го доделува Top Employers Institute од Холандија на организации кои применуваат високи стандарди во управувањето со човечките ресурси (ЧР) и создаваат квалитетн...

Прочитај повеќе