Информација за исплата на дивиденда
Согласно Глава 6 од Правилата за котација, известуваме за следната ценовно чувствителна информација: ...
НЛБ Банка ги известува своите клиенти - пензионери дека ќе ги исплати ноемвриските пензии 26- ти ноември (четврток).
Во насока на поголема заштита, подобра организираност и намалување на гужвите во експозитурите, од 26- ти ноември пензионерите ќе можат да ја подигнат својата пензија на банкоматите на НЛБ Банка во секое време, додека во експозитурите на НЛБ Банка пензиите ќе можат да се подигнат согласно определен редослед.
Распоредот за подигнување на пензиите во експозитурите e во периодот од 26 – ти ноември до 1- ви декември и истиот е креиран согласно висината на пензијата и тоа:
Со цел заштита на здравјетo, апелираме до клиентите – пензионери да не подигнуваат готовина и средствата првенствено да ги користат безготовински, за плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство.
Доколку клиентите имаат потреба од готовина, препорачуваме исплатата да се изврши на банкомат, каде средствата ќе бидат достапни од 26.11 – четврток и истите ќе може да се подигнат во секое време, независно од дефинираниот распоред.
Ве молиме почитувајте ги превентивните мерки, носете заштитна маска, чекајте ред на обележаните места и држете растојание од 2 метри со останатите клиенти и вработените во НЛБ Банка.
Cоопштенија за јавноста
Согласно Глава 6 од Правилата за котација, известуваме за следната ценовно чувствителна информација: ...
НЛБ Банка е добитник на Награда за благосостојба на вработените, доделена во рамките на проектот „Предводници на одржливиот развој“, инициран од Клубот на одговорни бизниси при Здружението Конект, во партнерство со Министерството за економија и труд ...