Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

Известување за предвремена исплата на пензии

Согласно моменталните случувања со пандемијата на Корона вирусот, со цел да излезе во пресрет на потребите на своите клиенти - пензионери, НЛБ Банка ќе ги исплати пензиите на 26 - ти мај (вторник).

Во насока на поголема заштита и намалување на гужвите во експозитурите, на 26 - ти мај пензионерите ќе можат да ја подигнат својата пензија само на банкоматите на НЛБ Банка, додека од 27 – ми мај, пензиите ќе можат да се подигнат и преку експозитурите на Банката согласно определен редослед.
 

Распоредот за подигнување на пензиите во експозитурите во периодот од 27 - ми мај до 01 – ви јуни е креиран согласно висината на пензијата и тоа: 
 

  • На 27.05.2020 (среда) ќе се исплаќаат клиенти со висина на пензија до 11.000 денари
  • На 28.05.2020 (четврток) ќе се исплаќаат клиенти со висина на пензија од 11.001 до 14.000 денари
  • На 29.05.2020 (петок) ќе се исплаќаат клиенти со висина на пензија од 14.001 до 18.000 денари
  • На 01.06.2020 (понеделник) ќе се исплаќаат клиенти со висина на пензија над 18.000 денари.

Со цел заштита на здравјетo, препорачуваме средствата првенствено да се користат за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство. Доколку клиентите имаат потреба од готовина, препорачуваме подигнувањето на средства да се врши на банкомат,каде средствата ќе бидат достапни од 26.05 – вторник и истите ќе може да се подигнат во секое време, независно од дефинираниот распоред.

 
Ве молиме почитувајте ги превентивните мерки, носете заштитна маска, чекајте ред на обележаните места и држете растојание од 2 метри со останатите клиенти и вработените во НЛБ Банка.

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

10.11.2026

Вашиот следен чекор кон сопствен дом со НЛБ Банка - Станбен кредит со каматна стапка од 2,95%

Сопствениот дом е повеќе од адреса. Тој е омилениот простор за утринско кафе, просторот за заеднички моменти и местото во кое новите планови добиваат своја соба. За сите што се подготвуваат за овој важен животен чекор, НЛБ Банка нуди станбени кредити...

Прочитај повеќе
09.11.2026

Известување за спроведување на истражување на задоволството на клиентите - физички и правни лица

Почитувани клиенти, Ве информираме дека во периодот од 9.11.2026, НЛБ Банка спроведува анкети во рамки на “Истражување на задоволството на клиентите и истражување за брендот....

Прочитај повеќе
06.11.2026

Во пресрет на имлементација на регулаторните промени во националниот платен промет, системски прилагодувања и времена недостапност на услуги и локации

Во текот на претстојниот викенд НЛБ Банка ќе спроведува планирани технички прилагодувања на своите системи за примена на регулаторните промени во националниот платен промет, кои стапуваат на важност од понеделник, 9 ноември 2026 година....

Прочитај повеќе