Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

Известување за предвремена исплата на пензии

Почитувани клиенти,

  

Согласно моменталните случувања со пандемијата на Корона вирусот, со цел да излезе во пресрет на потребите на своите клиенти - пензионери, НЛБ Банка АД Скопје ќе ги исплати пензиите на 25 - ти март (среда). Во насока на поголема заштита, од 25 - ти до 27 - ми март пензионерите ќе можат да ја подигнат својата пензија само на банкоматите на НЛБ Банка, додека од 28 - ми март пензиите ќе можат да се подигнат и преку експозитурите на Банката.

 

Со оглед на тоа дека заради моменталната кризна ситуација, експозитурите на Банката имаат изменето работно време, препорачуваме пред посета на некоја експозитура да се провери работното време на истата на веб страницата на Банката: www.nlb.mk

Тргнувајќи од мерките за заштита на пензионерите, апелираме да се намалат посетите во експозитурите, при што на клиентите на располагање им стои широка мрежа на банкомати со 24 часовна достапност.

 

Исто така со цел намалување на користењето на готовина, средствата на клиентите им се достапни за вршење на безготовински трансакции со платежните картички или преку електронско и мобилно банкарство.

 

 

Со почит,

 

НЛБ Банка АД Скопје

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

01.10.2026

НЛБ Банка создава нови урбани простори за младите- Отворена првата NLB Next зона во Дебар Маало

Младите не се само дел од маалото, тие се неговиот најсилен пулс. Денеска НЛБ Банка во паркчето кај „Кино Карпош“ ја отвори првата од четирите NLB Next зони - простор што им припаѓа на младите, за нивните средби, идеи, дружења и иницијативи што го ме...

Прочитај повеќе
15.09.2026

„Top Employer“ сертификат за НЛБ Банка Меѓународно признание за квалитетно работно искуство и високи стандарди во управување со човечките ресурси

НЛБ Банка Скопје се стекна со сертификатот „Top Employer 2026“, меѓународно признание што го доделува Top Employers Institute од Холандија на организации кои применуваат високи стандарди во управувањето со човечките ресурси (ЧР) и создаваат квалитетн...

Прочитај повеќе