Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

Известување за исплата на субвенции од тутун од 21-ви април.

Би сакале да Ве информираме дека од 21.04.2020 година, НЛБ Банка ќе започне со исплата на субвенции од тутун.
 

Со цел намалување на гужвите во експозитурите и воспоставување на ред за исплата,  креиран е распоред за исплата на субвенциите во експозитурите на Банката. Распоредот е направен по азбучен редослед, според првата буква од презимето на корисниците и тоа:
 

  • На 21.04.2020 (вторник) ќе се исплаќаат клиенти со презиме на буквите од А до Д
  • На 22.04.2020 (среда) ќе се исплаќаат клиенти со презиме на буквите од Ѓ до К
  • На 23.04.2020 (четврток) ќе се исплаќаат клиенти со презиме на буквите од Л до Р
  • На 24.04.2020 (петок) ќе се исплаќаат клиенти со презиме на буквите од С до Ш

Со цел заштита на здравјетo, апелираме до клиентите да не подигнуваат готовина и средствата првенствено да ги користат безготовински, за плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство. 

Доколку клиентите имаат потреба од готовина, препорачуваме исплатата да се изврши на банкомат, каде средствата ќе бидат достапни од 20.04 - понеделник, по 16 часот и истите ќе може да се подигнат во секое време, независно од дефинираниот распоред.

Во случај да мора да посетите експозитура, апелираме да се почитуваат сите превентивни мерки на Банката! Чекајте ред на обележаните места и одржувајте растојание со другите од најмалку 2м!

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

10.11.2026

Вашиот следен чекор кон сопствен дом со НЛБ Банка - Станбен кредит со каматна стапка од 2,95%

Сопствениот дом е повеќе од адреса. Тој е омилениот простор за утринско кафе, просторот за заеднички моменти и местото во кое новите планови добиваат своја соба. За сите што се подготвуваат за овој важен животен чекор, НЛБ Банка нуди станбени кредити...

Прочитај повеќе
09.11.2026

Известување за спроведување на истражување на задоволството на клиентите - физички и правни лица

Почитувани клиенти, Ве информираме дека во периодот од 9.11.2026, НЛБ Банка спроведува анкети во рамки на “Истражување на задоволството на клиентите и истражување за брендот....

Прочитај повеќе
06.11.2026

Во пресрет на имлементација на регулаторните промени во националниот платен промет, системски прилагодувања и времена недостапност на услуги и локации

Во текот на претстојниот викенд НЛБ Банка ќе спроведува планирани технички прилагодувања на своите системи за примена на регулаторните промени во националниот платен промет, кои стапуваат на важност од понеделник, 9 ноември 2026 година....

Прочитај повеќе