Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

Информација за работно време на експозитурите на НЛБ Банка и дополнителни превентивни мерки при посе

Почитувани клиенти,

 

Во согласност со моменталната ситуација на ширење на Корона вирусот, а со цел заштита на своите клиенти и вработени, НЛБ Банка изврши промена на работното време на своите експозитури и воведе дополнителни превентивни мерки. 

 

Работното време на експозитурите ќе се менува тековно согласно расположливите капацитети, актуелни мерки и состојби и истото редовно ќе се ажурира. Новото работно време на експозитурите е ажурирано на веб страницата на Банката на следниот линк: https://bit.ly/3b2C08a

Заради тоа препорачуваме, пред посета на некоја од експозитурите на Банката да го проверите работното време на истата. Воедно информираме дека eкспозитурите на Банката продолжуваат со работа за клиентите со извршување на сите банкарски трансакции.

 

Со цел поголема заштита на клиентите и вработените, во сите експозитури ќе биде организиран посебен ред за влез, при што ќе се дозволува влез во групи до 5 лица со цел да се избегнат редиците и гужвите пред шалтерите. На сите клиенти им препорачуваме да одржуваат растојание од 1 м еден од друг.

 

Во сите експозитури се поставени средства за дезинфекција, при што ве молиме за Ваша заштита да ги дезинфицирајте рацете при влез и излез од експозитурата.

 

Банката применува засилена дезинфекција на сите простории, експозитури и  банкомати со цел поголема заштита на посетителите и вработените.

За Ваша заштита и заштита на Вашите блиски, oстанете дома, минимизирајте ги посетите на експозитурите доколку не се неопходни и извршувајте ги сите банкарски трансакции преку мобилно и електронско банкарство без провизии до 15.04.2020 година.

 

 

Ние сме со Вас заедно за се што следи и сме достапни на социјалните мрежи, на веб страницата www.nlb.mk и на телефонскиот број 02/15-600

  

Со почит,


НЛБ Банка

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

01.10.2026

НЛБ Банка создава нови урбани простори за младите- Отворена првата NLB Next зона во Дебар Маало

Младите не се само дел од маалото, тие се неговиот најсилен пулс. Денеска НЛБ Банка во паркчето кај „Кино Карпош“ ја отвори првата од четирите NLB Next зони - простор што им припаѓа на младите, за нивните средби, идеи, дружења и иницијативи што го ме...

Прочитај повеќе
15.09.2026

„Top Employer“ сертификат за НЛБ Банка Меѓународно признание за квалитетно работно искуство и високи стандарди во управување со човечките ресурси

НЛБ Банка Скопје се стекна со сертификатот „Top Employer 2026“, меѓународно признание што го доделува Top Employers Institute од Холандија на организации кои применуваат високи стандарди во управувањето со човечките ресурси (ЧР) и создаваат квалитетн...

Прочитај повеќе