Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

Информација за исплата на парична помош од социјална и детска заштита

НЛБ Банка ги известува своите клиенти дека гарантираната минимална помош- гмп ќе ја исплати на 3.12.2020 (четврток), додека останатите права од социјална и детска заштита ќе ги исплати на 7- ми декември (понеделник).
 

Во насока на поголема заштита и намалување на гужвите во експозитурите, од 3.12.2020- четврток, клиентите ќе можат ги подигнат средствата од гарантираната минимална помош на банкоматите во секое време, додека исплатата во експозитурите на Банката ќе се реализира согласно определен редослед, според првата буква од презимето и тоа:

 

-   3 декември  (четврток) – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ,И, Ј, К, Л, Љ, М,

-   4 декември (петок) – Н, Њ, О, П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.

 

Воедно, клиентите ќе можат ги подигнат средствата од останатите права за социјална и детска заштита од 4.12.2020- петок на банкоматите во секое време, додека исплатата во експозитурите на Банката исто така ќе се реализира согласно определен редослед, според првата буква од презимето и тоа:

   

-    7 декември  (понеделник) – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ,И, Ј, К, Л, Љ, М,
-    9 декември (среда) – Н, Њ, О, П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.

   

Со цел заштита на здравјетo, препорачуваме средствата првенствено да се користат за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство. Доколку клиентите имаат потреба од готовина, препорачуваме подигнувањето на средства да се врши на банкомат.
    

При посета на експозитура, Ве молиме почитувајте ги превентивните мерки, носете заштитна маска, чекајте ред на обележаните места и држете растојание од 2 метри со останатите клиенти и вработените во НЛБ Банка.

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

01.10.2026

НЛБ Банка создава нови урбани простори за младите- Отворена првата NLB Next зона во Дебар Маало

Младите не се само дел од маалото, тие се неговиот најсилен пулс. Денеска НЛБ Банка во паркчето кај „Кино Карпош“ ја отвори првата од четирите NLB Next зони - простор што им припаѓа на младите, за нивните средби, идеи, дружења и иницијативи што го ме...

Прочитај повеќе
15.09.2026

„Top Employer“ сертификат за НЛБ Банка Меѓународно признание за квалитетно работно искуство и високи стандарди во управување со човечките ресурси

НЛБ Банка Скопје се стекна со сертификатот „Top Employer 2026“, меѓународно признание што го доделува Top Employers Institute од Холандија на организации кои применуваат високи стандарди во управувањето со човечките ресурси (ЧР) и создаваат квалитетн...

Прочитај повеќе