Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

Информација за исплата на парична помош од социјална и детска заштита

НЛБ Банка ги известува своите клиенти дека паричната помош од социјална заштита ќе ја исплати на 6- ти ноември (петок).

 

Во насока на поголема заштита и намалување на гужвите во експозитурите, од 6.11.2020 година , клиентите ќе можат ги подигнат средствата од парична помош од социјална заштита на банкоматите во секое време, додека исплатата во експозитурите на Банката ќе се реализира согласно определен редослед, според првата буква од презимето и тоа:
 

- 6 ноември (петок) – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ;

- 9 ноември (понеделник) – И, Ј, К, Л, Љ, М, Н, Њ, О;

- 10 ноември (вторник) – П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.
 

Дополнително, средствата за корисниците на цивилна инвалиднина и парични права од детска заштита, борци и инвалиди, бегалци и азиланти ќе бидат достапни од 04.11.2020 година на банкоматите во секое време, додека исплатата во експозитурите на Банката ќе се реализира согласно определен редослед, според првата буква од презимето и тоа:
 

- 4 ноември (среда) – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ;

- 5 ноември (четврток) – И, Ј, К, Л, Љ, М, Н, Њ, О;

- 6 ноември (петок) – П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.
 

Со цел заштита на здравјетo, препорачуваме средствата првенствено да се користат за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство. Доколку клиентите имаат потреба од готовина, препорачуваме подигнувањето на средства да се врши на банкомат.
 

При посета на експозитура, Ве молиме почитувајте ги превентивните мерки, носете заштитна маска, чекајте ред на обележаните места и држете растојание од 2 метри со останатите клиенти и вработените во НЛБ Банка.

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

06.08.2026

ЕБРД одобрува зелен финансиски кредит од 4 милиони евра на НЛБ Банка во Северна Македонија

Ново финансирање за станбените објекти во рамките на програмата GEFF III REpower на Западен Балкан. ...

Прочитај повеќе
04.08.2026

Известување за измени во Рамковен договор, Општи услови и Тарифа на надоместоци за правни лица

Прочитај повеќе
27.07.2026

НЛБ Банка го заокружи првото полугодие со силен раст, континуирана дигитална трансформација и унапредено клиентско искуство

НЛБ Банка го заврши првото полугодие од 2026 година, продолжувајќи со силен раст и успешна реализација на своите стратешки приоритети. Според неревидираните финансиски резултати, Банката ја зголеми кредитната активност, оствари раст на депозитната ба...

Прочитај повеќе