Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

Информација за исплата на парична помош од социјална и детска заштита.

Согласно моменталните случувања со пандемијата на Корона вирусот, со цел да излезе во пресрет на потребите на своите клиенти, НЛБ Банка од 4.8.2020 година (вторник) започнува со исплата на парична помош од социјална и детска заштита.

   

Во насока на поголема заштита и намалување на гужвите во експозитурите, од утре, 4 - ти август , клиентите ќе можат ги подигнат средствата од парична помош од социјална и детска заштита на банкоматите во секое време, додека исплатата во експозитурите на Банката ќе се реализира согласно определен редослед. Распоредот е направен по азбучен редослед, според првата буква од презимето на корисниците и тоа:

  

-  4 август (вторник) – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ;

-  5 август (среда) – И, Ј, К, Л, Љ, М, Н, Њ, О;

-  6 август  (четврток) – П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.

Со цел заштита на здравјетo, препорачуваме средствата првенствено да се користат за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство. Доколку клиентите имаат потреба од готовина, препорачуваме подигнувањето на средства да се врши на банкомат.

      

При посета на експозитура, Ве молиме почитувајте ги превентивните мерки, носете заштитна маска, чекајте ред на обележаните места и држете растојание од 2 метри со останатите клиенти и вработените во НЛБ Банка.

Latest news

Најнови соопштенија за јавноста

24.10.2025

Успешно деветмесечје за НЛБ Банка

НЛБ Банка успешно ги заокружи деветте месеци од годинава, покажува анализата на финансиските резултати за периодот од 01.01.2025 до 30.09.2025 година. Во споменатиот период, НЛБ Банка оствари нето добивка во износ од 2.505.628 илјади МКД и забележа з...

Прочитај повеќе
13.10.2025

Известување за спроведување на истражување на задоволството на клиентите - физички и правни лица

Во периодот од 2.10.2025, НЛБ Банка спроведува втор бран анкети во рамки на “Истражување на задоволството на клиентите и истражување за брендот”. ...

Прочитај повеќе
06.10.2025

НЛБ Банка започнува со СЕПА плаќања

Од 7 октомври, НЛБ Банка официјално започнува со плаќања преку СЕПА - Единствениот европски платен простор, овозможувајќи им на своите клиенти, физички и правни лица, побрзи меѓународни трансфери во евра со сите земји членки на СЕПА, со значајно пони...

Прочитај повеќе