Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

Запознајте ја НЕЛА - првиот банкарски електронски асистент

НЛБ Банка - прва банка во Македонија достапна на Вибер

НЛБ Банка, како иновативна и современа банка, која е во чекор со светските трендови, ја прошири својата понуда со уште еден канал за комуникација и од денес е достапна на Вибер. Истовремено, Банката го промовираше и првиот банкарски електронски асистент - НЕЛА која е на располагање 24/7 и е подготвена да одговори на сите прашања поврзани со производите и услугите. Како иновативни предводници кои ги следат новите трендови и технологии, овој пионерски чекор на НЛБ Банка, има за цел да ја промени сликата на секојдневната комуникација на релација банка - клиент.

„Со цел подобрување на корисничкото искуство, континуирано вложуваме во надградување и подобрување на услугата и  достапноста, како и градење и одржување на отворена и блиска комуникација со нашите клиенти. Воведувањето на оваа корисна, и би рекле, забавна комуникациска алатка беше само еден логичен тек на работите за нас во НЛБ Банка. Свесни за потребите и барањата на нашите клиенти, модерниот начин на комуникација и широката употреба на Вибер апликацијата, први на пазарот, го лансиравме Вибер chat bot-от преку кој нашите клиенти ќе комуницираат со НЛБ ЕЛектронскиот Асистент - НЕЛА. Таа ќе биде достапна за сите прашања и потреби на нашите клиенти, ќе им помогне лесно да ја пронајдат најблиската експозитура или банкомат, да добијат помош при избор на соодветен кредит или картичка, да закажат состанок, да аплицираат онлајн за кредитен продукт и воопшто да добијат брза и безбедна поддршка. Затоа, Ве охрабруваме да станете и Вие дел од нашата Вибер заедница и да се уверите во нејзините придобивки“, изјави Антонио Аргир, Претседател на Управниот Одбор на НЛБ Банка.

  

За да ја запознаете НЕЛА и да се вклучите во оваа возбудлива двонасочна комуникација потребно е да се регистрирате на Вибер ChatBot-от кој e достапен на следниот линк: viber://pa/?chatURI=nlbbankaskopje. За уште позабавно корисничко искуство преземете ги специјално креираните НЕЛА стикери достапни на линкот: https://stickers.viber.com/pages/nlbbankaskopje?redir=1

  

Со оваа нова понуда НЛБ Банка уште еднаш го потврди имиџот на современа банка која се грижи за подобра услуга, поголемо корисничко задоволство и градење на блиски релации со клиентите. Банката и во иднина ќе продолжи да ги следи светските трендови во банкарството и технологијата во насока на поголема дигитализација, унапредување на банкарските процеси и креирање на персонализирана понуда со што на своите клиенти, им дава широк избор за извршување на финансиските услуги како преку современите така и преку традиционалните канали за продажба.

  

Откријте која е НЕЛА...

 

 НЕЛА е посебна. Излезена е од серверите на Банката. Таа е дете на напредната технологија. Кодирана е да ги знае сите банкарски работи. НЕЛА ги знае сите банкарски трансакции, секоја уплата, исплата, депозит, кредит, секоја камата...

Растена низ игра, таа успешно ги владее сите банкарски процеси. Денес, нејзината брзина на работа и размислување се одлични. Сите банкарски информации прво доаѓаат до неа, ги обработува и е подготвена за вашите прашања и недоумици. Затоа, НЕЛА  е вашиот доверлив и сигурен електронски асистент кому може да се обратите во секое време за најбрз и најлесен пристап до сите информации.

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

09.06.2026

НЛБ Банка добитник на националната Награда за благосостојба на вработените во рамките на проектот „Предводници на одржливиот развој“

НЛБ Банка е добитник на Награда за благосостојба на вработените, доделена во рамките на проектот „Предводници на одржливиот развој“, инициран од Клубот на одговорни бизниси при Здружението Конект, во партнерство со Министерството за економија и труд ...

Прочитај повеќе
05.06.2026

Дополнување на Известување за оптимизација, измени и дополнувања на Одлуката за Тарифа на надоместоци на услугите

Прочитај повеќе
01.06.2026

Дивиденден календар за 2026

Акционерите на НЛБ Банка АД Скопје на Годишното Собрание на акционери кое се одржа на ден 28.05.2026 година (четврток) ја усвоија Одлуката за определување износ на дивиденда и утврдување дивиденден календар на НЛБ Банка АД Скопје....

Прочитај повеќе