Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

Со „Еве зошто НЛБ Клик!“ летово освојте Samsung S10 и Bluetooth слушалки

Започнува голема наградна игра на НЛБ Банка

Од денес, НЛБ Банка започнува голема наградна игра „Еве зошто НЛБ Клик!“ за сите корисници на НЛБ мКлик мобилното и НЛБ Клик електронското банкарство.

 

Во периодот од 17 јуни, па сѐ до 30 септември, сите нови и постојни корисници на НЛБ мКлик мобилното и НЛБ Клик електронското банкарство, кои ќе направат најмалку една трансакција, стануваат потенцијални добитници на мобилен телефон Samsung S10 или Bluetooth слушалки. Извлекувањето на наградите ќе се врши секојдневно и почнувајќи од утре, па се до 1 октомври, Банката ќе доделува по две Bluetooth слушалки дневно, додека неверојатниот Samsung S10 ќе се доделува еднаш неделно.

„Ни претставува огромно задоволство да ја најавиме наградната игра „Еве зошто НЛБ Клик!“ која има за цел да ги награди и поттикне нашите корисници да го користат електронското банкарство, па затоа летово не двоумете се како ќе ги плаќате вашите сметки и воопшто како ќе ги извршувате своите банкарски трансакции. Нема сомнеж дека интернeтот засекогаш ги промени нашите животи, а комфорот на електронското банкарство стана синоним за современиот начин на живеење. Затоа земете ги мобилните или таблетите во вашите раце и искористете ја слободата да ги извршувате сите банкарски трансакции на сигурен и едноставен начин, каде и да се наоѓате. Стискајте ги палците среќата токму вам да ви се насмевне!“, велат од Банката.

 

Право на учество во наградната игра имаат сите полнолетни физички лица - државјани на Република Северна Македонија, кои во периодот од 17.06.2019 до 30.09.2019 година ќе направат најмалку една трансакција преку НЛБ мКлик мобилното банкарство или НЛБ Клик електронското банкарство. Под трансакција на НЛБ Клик електронското банкарство / НЛБ мКлик мобилното банкарство се подразбира секое плаќање, интерна трансакција, промена на лимит за подигање на готовина на банкомат, плаќање на продажно место - ПОС терминал и интернет,  доспевање на рати на кредитни картички, надополнување на ваучер за мобилен телефон како и конверзија на валути.

 

Повеќе информации за наградната игра може да се добијат во најблиската експозитура на Банката, на телефон 02/ 15 600 или на следниот линк

 

НЛБ Банка АД Скопје

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

01.10.2026

НЛБ Банка создава нови урбани простори за младите- Отворена првата NLB Next зона во Дебар Маало

Младите не се само дел од маалото, тие се неговиот најсилен пулс. Денеска НЛБ Банка во паркчето кај „Кино Карпош“ ја отвори првата од четирите NLB Next зони - простор што им припаѓа на младите, за нивните средби, идеи, дружења и иницијативи што го ме...

Прочитај повеќе
15.09.2026

„Top Employer“ сертификат за НЛБ Банка Меѓународно признание за квалитетно работно искуство и високи стандарди во управување со човечките ресурси

НЛБ Банка Скопје се стекна со сертификатот „Top Employer 2026“, меѓународно признание што го доделува Top Employers Institute од Холандија на организации кои применуваат високи стандарди во управувањето со човечките ресурси (ЧР) и создаваат квалитетн...

Прочитај повеќе