Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

НЛБ ГАЛЕРИЈА: Изложба „Длабочина“ од Анита Огњановска

 На 28.2.2019 година со почеток во 20 часот во НЛБ Галерија, љубителите на визуелните уметности ќе имаат можност да ја проследат самостојната изложба на Анита Огњановска насловена „Длабочина“.

 

Триесетина дела масло и акрил на платно го прикажуваат патот на еден автор во откривањето на сопствениот свет и пронаоѓањето на својот личен ликовен израз, каде сликарскиот чин е ослободување од внатрешниот порив, интимен и потполно искрен микрокосмос.

 

Огњановска го напаѓа платното со богата тонска скала и силен контраст, меѓу жолтата и црвената, продираат сината и зелената во силно композициско единство. Слободно ги нафрла боите врз платното, тие се прелеваат и во неконтролирана ерупција избиваат во просторот. Платната бликаат од живост и блескав колорит.

 

За внатрешниот импулс и ритуалот на сликањето Огњановска вели: „Кога сликам немам прецизен план, започнувам и сликам спонтано. Сè се случува брзо и страсно во миг, емоциите ме носат и никогаш не знам каде ќе ме однесат. Едноставно го сликам она што го чувствувам. Се препуштам на радоста на сликањето и чувството на слобода. Тоа се моменти, одредено доживување кое е станато длабоко сеќавање и извира од длабочината. Тоа е мојот спонтан, но всушност длабоко интимен свет.”

  

Сликарството и личниот ракопис на Анита Огњановска зрачат со сопствена поетика и посебна визуелна впечатливост кој овозможува препознатлив печат на нејзините дела.

 

Изложба ќе остане во НЛБ Галерија (ул.Мајка Тереза 1, Скопје) се до 19.3.2019 година и ќе биде отворена секој работен ден од 8 до 18 часот и сабота од 8 до 16 часот.

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

01.10.2026

НЛБ Банка создава нови урбани простори за младите- Отворена првата NLB Next зона во Дебар Маало

Младите не се само дел од маалото, тие се неговиот најсилен пулс. Денеска НЛБ Банка во паркчето кај „Кино Карпош“ ја отвори првата од четирите NLB Next зони - простор што им припаѓа на младите, за нивните средби, идеи, дружења и иницијативи што го ме...

Прочитај повеќе
15.09.2026

„Top Employer“ сертификат за НЛБ Банка Меѓународно признание за квалитетно работно искуство и високи стандарди во управување со човечките ресурси

НЛБ Банка Скопје се стекна со сертификатот „Top Employer 2026“, меѓународно признание што го доделува Top Employers Institute од Холандија на организации кои применуваат високи стандарди во управувањето со човечките ресурси (ЧР) и создаваат квалитетн...

Прочитај повеќе