Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

НЛБ Банка воведе нови промотивни станбени кредити со намалени каматни стапки фиксни до 10 години

Почнувајќи од 1- ви октомври, НЛБ Банка воведе нови промотивни станбени кредити со намалени каматни стапки фиксни до 10 години и посебни поволности до 31.12.2019 година. Новата понуда на клиентите им нуди можност да изберат станбен кредит со најниска каматна стапка од 3% фиксна за првите 5 години или каматна стапка од 3,5% фиксна за првите 10 години.

  

Исто така, во насока на обезбедување на дополнителна финансиска стабилност и намалување на неизвесноста од иднината, со својот станбен кредит клиентите имаат можност да добијат и полиса за животно осигурување со поповолни услови за користење на кредитот.

 

  

„Со цел да одговориме на барањата на нашите клиенти креиравме нови станбени кредити со најниски каматни стапки и најповолни услови на пазарот. Новите станбени кредити на нашите клиенти им овозможуваат да го изберат домот кој го посакуваат и притоа да имаат контрола во менаџирањето на својот семеен буџет, благодарение на подолгиот период на фиксност на каматните стапки. Како додадена вредност, клиентите со својот станбен кредит добиваат и бесплатна кредитна картичка како и можност за користење на бескаматен кредит за опремување на домот во соработка со Нептун. И во иднина следејќи ги потребите на пазарот ќе продолжиме да ја унапредуваме нашата понуда со цел да креираме позитивно корисничко искуство!“, велат од НЛБ Банка.

 

Во рамките на промотивната кампања, НЛБ Станбените кредити се одобруваат без трошоци за одобрување и проценка. Новата понуда се однесува за сите новоодобрени кредити од 01.10.2019 година.

 

Повеќе информации за новите станбени кредити клиентите може да се добијат на телефон 02/15 600 или во најблиската експозитура на Банката.

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

01.10.2026

НЛБ Банка создава нови урбани простори за младите- Отворена првата NLB Next зона во Дебар Маало

Младите не се само дел од маалото, тие се неговиот најсилен пулс. Денеска НЛБ Банка во паркчето кај „Кино Карпош“ ја отвори првата од четирите NLB Next зони - простор што им припаѓа на младите, за нивните средби, идеи, дружења и иницијативи што го ме...

Прочитај повеќе
15.09.2026

„Top Employer“ сертификат за НЛБ Банка Меѓународно признание за квалитетно работно искуство и високи стандарди во управување со човечките ресурси

НЛБ Банка Скопје се стекна со сертификатот „Top Employer 2026“, меѓународно признание што го доделува Top Employers Institute од Холандија на организации кои применуваат високи стандарди во управувањето со човечките ресурси (ЧР) и создаваат квалитетн...

Прочитај повеќе