Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

НЛБ Банка со промотивна кампања и намалени каматни стапки за кредитите за физички лица

НЛБ Банка во периодот од 11.03.2019 до 31.05.2019 година води промотивна кампања за сите кредити за физички лица. Во рамки на промотивната понуда Банката нуди нови потрошувачки и станбени кредити со пониски каматни стапки.

 

Каматните стапки на НЛБ Потрошувачките кредити се намалени до 0,5 процентни поени и почнуваат од 5,5% годишно, при што каматната стапка е фиксна за првите тринаесет месеци. 

  

Исто така, новите НЛБ Станбени кредити се одобруваат со пониски и намалени каматни стапки. Каматните стапки започнуваат од 3,2% и се фиксни за првите три до шест години, зависно од типот на кредитот.  

 

Во рамки на кампањата сите потрошувачки, станбени и хипотекарни кредити со животно осигурување, како и автомобилските и сребрените кредити, ќе се одобруваат без манипулативни трошоци. Сите останати кредити ќе се одобруваат со 50% пониски манипулативни трошоци. Исто така, кредитите со обезбедување на надвижен имот ќе се одобруваат без трошоци за проценка.

  

Промотивната понуда важи за сите новоодобрени кредити. Клиентите можат да аплицираат во најблиската експозитура на Банката.

  

Повеќе информации може да се добијат во најблиската експозитура на Банката, на телефон 02/15 – 600.

  

НЛБ Банка

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

01.10.2026

НЛБ Банка создава нови урбани простори за младите- Отворена првата NLB Next зона во Дебар Маало

Младите не се само дел од маалото, тие се неговиот најсилен пулс. Денеска НЛБ Банка во паркчето кај „Кино Карпош“ ја отвори првата од четирите NLB Next зони - простор што им припаѓа на младите, за нивните средби, идеи, дружења и иницијативи што го ме...

Прочитај повеќе
15.09.2026

„Top Employer“ сертификат за НЛБ Банка Меѓународно признание за квалитетно работно искуство и високи стандарди во управување со човечките ресурси

НЛБ Банка Скопје се стекна со сертификатот „Top Employer 2026“, меѓународно признание што го доделува Top Employers Institute од Холандија на организации кои применуваат високи стандарди во управувањето со човечките ресурси (ЧР) и создаваат квалитетн...

Прочитај повеќе