Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

НЛБ Банка со новитети во мобилното и електронското банкарство

ННЛБ Банка воведе нова верзија со нови функционалности на НЛБ мКлик мобилното банкарство, како и нова платформа на НЛБ Клик електронското банкарство за физички лица, со што ја продолжува репутацијата на Банка предвесник во дигитализацијата на банкарството во нашата земја.

Новите верзии на НЛБ мКлик мобилното и НЛБ Клик електронското банкарство се со нов, модерен и интуитивен дизајн, а како една од најзначајните новини е можноста за извршување на платниот промет со странство. Со тоа НЛБ Банка оди чекор понапред кон задоволување на корисничките потреби и реализирање на сите банкарски трансакции на едно место.    

 

Во продолжение се дел од новите функционалности на НЛБ мКлик мобилното и НЛБ Клик електронското банкарство:

 

  • Вршење на девизен платен промет (плаќање на налози и распределба на девизни приливи)
  • Можност за промена на лимити за дневни и месечни трансакции реализирани преку НЛБ Клик и НЛБ мКлик
  • Можност за брзо креирање, снимање, потпишување и препраќање на налози
  • Поголема безбедност при плаќање со дополнителна автентикација со ПИН или со отпечаток од прст при плаќање на налози преку мобилно банкарство
  • Нотификација за прилив од странство преку мобилно банкарство
  • Можност за активација и деактивација на мобилно банкарство директно преку електронско банкарство
  • Можност за финансиска анализа на потрошувачката преку електронско банкарство

 

Новата верзија на НЛБ мКлик апликацијата веќе е достапна на Google Play и Apple store.

 

Повеќе информации можат да се добијат во најблиската експозитура на Банката или на телефонскиот број 02/15-600.

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

01.10.2026

НЛБ Банка создава нови урбани простори за младите- Отворена првата NLB Next зона во Дебар Маало

Младите не се само дел од маалото, тие се неговиот најсилен пулс. Денеска НЛБ Банка во паркчето кај „Кино Карпош“ ја отвори првата од четирите NLB Next зони - простор што им припаѓа на младите, за нивните средби, идеи, дружења и иницијативи што го ме...

Прочитај повеќе
15.09.2026

„Top Employer“ сертификат за НЛБ Банка Меѓународно признание за квалитетно работно искуство и високи стандарди во управување со човечките ресурси

НЛБ Банка Скопје се стекна со сертификатот „Top Employer 2026“, меѓународно признание што го доделува Top Employers Institute од Холандија на организации кои применуваат високи стандарди во управувањето со човечките ресурси (ЧР) и создаваат квалитетн...

Прочитај повеќе