Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

НЛБ Банка со намалени каматни стапки и нова промотивна кампања за кредитите за физички лица

НЛБ Банка во периодот од 01.09.2019 до 31.10.2019 година води промотивна кампања за сите кредити за физички лица. Во рамки на промотивната понуда Банката нуди нови потрошувачки и хипотекарни кредити со пониски каматни стапки, без трошоци за одобрување.

Каматните стапки на НЛБ Кредитите се намалени до 0,7 процентни поени, при што кај НЛБ Потрошувачките  кредити започнуваат од 5,3% годишно, додека кај  НЛБ Хипотекарните кредити започнуваат од 4,9% годишно.

    

Во рамки на промотивната кампања сите НЛБ Кредити се одобруваат без манипулативни трошоци, додека кредитите со обезбедување на надвижен имот ќе се одобруваат и без трошоци за проценка. Промотивната понуда важи за сите новоодобрени кредити.

      

Воедно, НЛБ Банка во својата понуда воведе осигурување на отплатата на кредитот за потрошувачките кредити, кое е прво и единствено од овој тип на пазарот. Со овој тип на осигурување кредитокорисниците се осигуруваат од неможноста редовно да го враќаат кредитот поради престанок на работен однос, боледување или незгода.

    

За новите кредитни продукти клиентите можат да аплицираат во најблиската експозитура на Банката или online на следниот линк .

 

        

НЛБ Банка

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

06.11.2026

Во пресрет на имлементација на регулаторните промени во националниот платен промет, системски прилагодувања и времена недостапност на услуги и локации

Во текот на претстојниот викенд НЛБ Банка ќе спроведува планирани технички прилагодувања на своите системи за примена на регулаторните промени во националниот платен промет, кои стапуваат на важност од понеделник, 9 ноември 2026 година....

Прочитај повеќе
30.10.2026

Известување за клиенти

Привремено ограничување на креирањето платни налози со иден датум преку електронско и мобилно банкарство...

Прочитај повеќе
27.10.2026

НЛБ Банка ги претставува Visa Platinum и Visa Signature

НЛБ Банка ги претставува Visa Platinum и Visa Signature, две нови премиум кредитни картички наменети за клиентите за кои премиум не е исклучок, туку личен стандард. Со внимателно избрани поволности и повеќе простор за уживање, тие внесуваат нова диме...

Прочитај повеќе