Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

НЛБ Банка со две промотивни кампањи од 01.02.2019 година

НЛБ Банка спроведува две промотивни кампањи за НЛБ Потрошувачките кредити и НЛБ мКлик мобилното банкарство за физички лица во периодот од 1.2.2019 до 28.2.2019 година. 

   

Во рамки на промотивната понуда за НЛБ Потрошувачки кредити, Банката ги нуди НЛБ Виолетовиот плус со полиса за осигурување на живот и НЛБ Сребрените потрошувачки кредити, со поповолни каматни стапки и без трошоци за одобрување. Останатите НЛБ Потрошувачки кредити се одобруваат со 50% пониски трошоци.

 

Воедно, во истиот период Банката води промотивна кампања за НЛБ мКлик мобилното банкарство. Во рамки на кампањата сите клиенти кои ќе направат минимум 5 трансакции преку НЛБ мКлик мобилното банкарство, добиваат подарок – патничко осигурување.

НЛБ мКлик мобилното банкарство на корисниците им нуди можност за извршување на сите банкарски трансакции, во било кое време и од било кое место, без потреба од посета на Банката. Преку НЛБ мКлик клиентите имаат постојан увид на состојбите и прометот на сите свои сметки, можат брзо и едноставно да плаќаат со само еден клик и директно да комуницираат со Банката.

 

НЛБ мКлик апликацијата е достапна на Google Play и Apple Store и може самостојно да се инсталира без потреба да се посети банката.

 

Повеќе информации клиентите можат да добијат во најблиската експозитура на Банката, на телефон 02/ 15 600 или на веб страницата www.nlb.mk

       

Со почит,

 

НЛБ Банка АД Скопје

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

01.10.2026

НЛБ Банка создава нови урбани простори за младите- Отворена првата NLB Next зона во Дебар Маало

Младите не се само дел од маалото, тие се неговиот најсилен пулс. Денеска НЛБ Банка во паркчето кај „Кино Карпош“ ја отвори првата од четирите NLB Next зони - простор што им припаѓа на младите, за нивните средби, идеи, дружења и иницијативи што го ме...

Прочитај повеќе
15.09.2026

„Top Employer“ сертификат за НЛБ Банка Меѓународно признание за квалитетно работно искуство и високи стандарди во управување со човечките ресурси

НЛБ Банка Скопје се стекна со сертификатот „Top Employer 2026“, меѓународно признание што го доделува Top Employers Institute од Холандија на организации кои применуваат високи стандарди во управувањето со човечките ресурси (ЧР) и создаваат квалитетн...

Прочитај повеќе