Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

НЛБ Банка по повод месецот на штедење најави голема хуманитарна акција и едукативни содржини за најм

Никогаш не е прерано да започнете со конкретни активности за да ги едуцирате вашите деца за важноста и придобивките од штедењето. Доколку не сте знаеле, ве потсетуваме дека октомври е месецот на штедење, а НЛБ Банка, традиционално по осми пат, го организираше НЛБ Денот наменет за најмалите, со што и официјално го отвори НЛБ Месецот на штедење. По тој повод, денес во НЛБ Галеријата беа поканети дечиња од неколку основни училишта и беше организирана забавна и едукативна програма на тема ,,Ја истражуваме вселената со Тиби и Штуки!“.

Во рамките на НЛБ Месецот на штедење, Банката организира ликовен натпревар за деца на возраст од 5 до 15 години на тема: „Штедење и астрономија“. Сите деца кои имаат инспирација и желба да земат учество можат да ги постават своите цртежи на веб страницата отворена за оваа намена: stedenje.nlb.mk или пак да ги донесат директно во некоја од експозитурите на НЛБ Банка. За секој цртеж Банката ќе донира по 200 денари, а средства потоа ќе се наменат за потребите на Одделението за хематологија и онкологија при Универзитетската клиника за детски болести во Скопје.  Натпреварот е отворен до 25 октомври 2019 година.

 

„Секојдневно сме опкружени со искушенијата да трошиме, сите сме дел од конзумеризмот, и токму затоа, сметаме дека едукацијата за потребите, навиките и начините на штедење треба да биде важен дел од образованието кај децата. И оваа година НЛБ Месецот на штедење, го отворивме со НЛБ Денот, преку забавно-едукативен настан специјално организиран за најмалите. Би рекле дека ова е еден од најведрите и најпозитивните настани кој секогаш со нетрпение го очекуваме. Продолжуваме во текот на целиот месец со забавни активности за штедење и ќе посетиме многу училишта и градинки. Ја користиме оваа можност да ги повикаме сите деца да земат учество на ликовниот конкурс и да не поддржат во намерата да собереме што повеќе цртежи за да донираме повеќе парични средства за подобрување на условите на Универзитетската клиника за детски болести во Скопје“, изјавија од НЛБ Банка.

 

На крајот на октомври најдобрите цртежи избрани со гласање преку веб страницата stedenje.nlb.mk како и од страна на посебна комисија составена од реномирани македонски уметници ќе бидат наградени со парични награди и признанија.

 

Месецот на штедење ќе биде заокружен со организирање на најголемата и најубавата изложба на сите пријавени и наградени детски цртежи.

 

 

Со почит,

 

НЛБ Банка АД Скопје

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

10.11.2026

Вашиот следен чекор кон сопствен дом со НЛБ Банка - Станбен кредит со каматна стапка од 2,95%

Сопствениот дом е повеќе од адреса. Тој е омилениот простор за утринско кафе, просторот за заеднички моменти и местото во кое новите планови добиваат своја соба. За сите што се подготвуваат за овој важен животен чекор, НЛБ Банка нуди станбени кредити...

Прочитај повеќе
09.11.2026

Известување за спроведување на истражување на задоволството на клиентите - физички и правни лица

Почитувани клиенти, Ве информираме дека во периодот од 9.11.2026, НЛБ Банка спроведува анкети во рамки на “Истражување на задоволството на клиентите и истражување за брендот....

Прочитај повеќе
06.11.2026

Во пресрет на имлементација на регулаторните промени во националниот платен промет, системски прилагодувања и времена недостапност на услуги и локации

Во текот на претстојниот викенд НЛБ Банка ќе спроведува планирани технички прилагодувања на своите системи за примена на регулаторните промени во националниот платен промет, кои стапуваат на важност од понеделник, 9 ноември 2026 година....

Прочитај повеќе