Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

НЛБ Банка оствари уште една успешна година

Според резултатите објавени на Годишното акционерско собрание, кое се одржа на 30-ти мај 2019 година, НЛБ Банка АД Скопје заокружи уште една во низата успешни години, со остварена нето добивка од 34,5 милиони евра.

За НЛБ Банка АД Скопје, 2018 година беше уште една успешна година, како на финансиски така и на оперативен план при што Банката ги исполни и ги надмина планираните цели во делот на остварената добивка, вкупната профитабилност, профитабилноста по вработен, трошковната ефикасност и солвентноста.

 

Во 2018 година, Банката оствари нето добивка во износ од 34,5 милиони евра и поврат на капиталот од 23,5%. Заработката по акција изнесува 40 ЕУР и е на ниво од претходната година.

Вкупната актива на Банката достигна 1.330,5 милиони ЕУР или 8,0% повеќе во однос на 2017 година како резултат на растот на депозитите за 7,8%, додека кредитите пораснаа за 6,8% предводени од сегментот население. Уделот на нефункционалните пласмани се задржа на 4,3% во вкупното кредитно портфолио, додека адекватноста на капиталот на Банката изнесуваше 16,7%

 

Како признание за успешните резултати од работењето, во 2018 година на НЛБ Банка и беа доделени повеќе награди: „Најдобра банка во Македонија“ од финансискиот магазин Тhe Banker, „Најдобра банка во Македонија” во рамките на European Business Awards, од финансискиот магазин ЕМЕА и Националната награда за најдобри општествено одговорни практики, во категоријата вложување во заедницата со проектот „Пријателство со Специјална Олимпијада Македонија“, од Министерството за Економија на Република Македонија.

           

На Собранието на акционерите, беше одлучено 70% од остварена добивка од 2018 година или 24,1 мил. евра да се исплати како дивиденда за акционерите, што претставува 28,3 евра по акција. Останатите 8,5% или 7,4 мил. евра се наменети за резерви со кои ќе се зајакне капиталната позиција на Банката, а 21,5% или 2,9 мил. евра се наменети за инвестиции во капитални добра согласно планот за капитални инвестиции на Банката за 2019 година.

 

Банката продолжува да работи со јасна визија и посветеност во остварувањето на стратешките цели, со фокус кон своите клиенти и нивните потреби останува да биде предвоник во креирањето на модерни и иновативни решенија.

 

 

 Со почит,

 

 НЛБ Банка АД Скопје

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

01.10.2026

НЛБ Банка создава нови урбани простори за младите- Отворена првата NLB Next зона во Дебар Маало

Младите не се само дел од маалото, тие се неговиот најсилен пулс. Денеска НЛБ Банка во паркчето кај „Кино Карпош“ ја отвори првата од четирите NLB Next зони - простор што им припаѓа на младите, за нивните средби, идеи, дружења и иницијативи што го ме...

Прочитај повеќе
15.09.2026

„Top Employer“ сертификат за НЛБ Банка Меѓународно признание за квалитетно работно искуство и високи стандарди во управување со човечките ресурси

НЛБ Банка Скопје се стекна со сертификатот „Top Employer 2026“, меѓународно признание што го доделува Top Employers Institute од Холандија на организации кои применуваат високи стандарди во управувањето со човечките ресурси (ЧР) и создаваат квалитетн...

Прочитај повеќе