Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

НЛБ Банка го заокружи месецот на штедење со изложба на детски цртежи и донација за Детската клиника

Почитувани,

  

Денес во просториите на НЛБ Галеријата со отворање на изложба на детски цртежи, се заокружи НЛБ Месецот на штедење, кој традиционално по осми пат беше организиран од страна на НЛБ Банка. 

 

Оваа година, НЛБ месецот на штедење имаше хуманитарен карактер при што за секој пристигнат цртеж Банката донираше по 200 денари. Собраните средства се наменети за набавка на опрема и инвентар за Одделот за хематологија и онкологија при Универзитетската клиника за детски болести во Скопје.

 

Во директното обраќање до присутните Претседателот на Управниот одбор г-дин Антонио Аргир изрази големо задоволство за одзивот од акцијата, соработката со градинките и основните училишта, како и рекордниот број на пристигнати цртежи: „НЛБ месецот на штедење го посветуваме на децата, ги едуцираме и градиме свесност за штедење уште од најмала возраст. Традиционално, организираме ликовен конкурс во рамките на кој децата имаат можност да ја искажат својата креативност и да цртаат на тема штедење. Оваа година, решивме ликовниот конкурс да има хуманитарен карактер и да донираме опрема и инвентар наменети за подобрување на условите за лекување на децата од Одделот за онкологија и хематологија. Токму затоа, акцијата имаше најголем одзив досега и на наше огромно задоволство добивме рекорден број од 3.500 цртежи со што дониравме опрема и инвентар во вредност од 700.000 денари“.

 

На настанот беше присутна и директорката на Детската клиника Др. Катерина Ставриќ која по повод донацијата изјави: „Ми претставува огромна чест што денеска, заедно со моите колеги, сме дел од оваа прекрасна акција, која ќе ни помогне да ги доопремиме веќе започнатите активности околу реновирање на Одделот за хематологија и онкологија кој е во рамките на детската клиника. Подобрите и посовремни услови за нашите најмали пациенти значат и поуспешно и побрзо нивно закрепнување. Би сакала ова да биде пример кој и во иднина ќе ни послужи и ќе не потсети дека со заеднички сили навистина можеме многу бидејќи здравјето на децата треба да биде приоритет на секое општество“. 

 

Акцијата за цртање на тема „Штедиме и ја истражуваме вселената со Тиби и Штуки“ траеше еден месец, односно од 25 септември до 25 октомври. Ликовниот конкурс беше отворен за сите деца на возраст од 5 до 15 години и имаше награден карактер, при што беа наградени вкупно 30 деца. Дваесет од нив беа избрани од страна на стручната жири комисија составена од наши реномирани уметници: Сергеј Андреевски, Микица Трујкановиќ, Владимир Лукаш и Филип Фидановски, а остантите десет беа избрани од пошироката јавност преку гласање на веб страницата на Банката. Сите добитници од овој конкурс добија штедна книшка од НЛБ Банка со штеден влог од 3.000 денари. 

 

Изложбата на детски цртежи ќе биде отворена до 25-ти ноември, секој работен ден од 08.00 до 20.00 часот.

  

Со почит,

  

НЛБ Банка АД Скопје

Latest news

Најнови соопштенија за јавноста

04.12.2025

НЛБ Банка, по дванаесетти пат, прогласена за „Банка на годината“ од The Banker

На престижната церемонија на финансискиот магазин „The Banker“ во Лондон, НЛБ Банка Скопје ја понесе титулата „Банка на годината“ за 2025 година. Ова признание ја потврдува континуираната посветеност на Банката кон извонредност, иновации и услуга на ...

Прочитај повеќе
28.11.2025

НЛБ Банка го одбележа 40-годишниот јубилеј со гала концерт-Ноќ на музичко совршенство, и посветеност кон изноредност и заедницата

НЛБ Банка го одбележа својот 40-годишен јубилеј со спектакуларен гала концерт. Настанот, одржан во присуство на претставници на институциите, партнери, соработници, клиенти, колеги и истакнати поединци, заслужни за незапирливиот раст на Банката беше ...

Прочитај повеќе
27.11.2025

NLBNext Конференција: Иднината на плаќањата и новите хоризонти

Банкарскиот сектор доживува длабока трансформација под влијание на дигитализацијата, автоматизацијата и воведувањето на вештачката интелигенција (AI). Од брзи плаќања и дигитални паричници, до самостојни AI агенти кои ја оптимизираат куповната моќ на...

Прочитај повеќе