Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

Две награди од Македонска Берза за НЛБ Банка АД Скопје

НЛБ Банка АД Скопје е добитник на две награди од Македонска берза, доделени за време на годишната берзанска конференција која се одржа во Охрид од 28 до 29 Март 2019 година.

  

Традиционално на овогодинешната берзанска конференција беа доделени награди за компаниите кои котираат на берзата во две категории: награди за најтранспарентни компании и награди за членките со најголем остварен промет.   

 

И годинава НЛБ Банка е добитник на награди во двете категории и тоа:

Награда за најтранспарентна компанија „Кристално ѕвоно“ – 3-то место и Награда за членки со најголем остварен промет – 3-то место.

 

Вклучително со овие 2 награди НЛБ Банка е добитник на вкупно 8 награди од берзата низ годините, со што дополнително го потврдува приматот на најнаградувана банка во земјата.

 

НЛБ Банка АД Скопје се вбројува меѓу најпрофитабилните компании во Македонија, со остварена нето добивка од 34,5 евра во 2018 година, што се должи на континуирани продажни активности со особен фокус кај населението, микро, малите и средни претпријатија, засилен финансиски сервис за корпоративните клиенти и на значајните инвестиции во електронските сервиси.

 

       

Со почит,

 

НЛБ Банка АД Скопје

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

01.10.2026

НЛБ Банка создава нови урбани простори за младите- Отворена првата NLB Next зона во Дебар Маало

Младите не се само дел од маалото, тие се неговиот најсилен пулс. Денеска НЛБ Банка во паркчето кај „Кино Карпош“ ја отвори првата од четирите NLB Next зони - простор што им припаѓа на младите, за нивните средби, идеи, дружења и иницијативи што го ме...

Прочитај повеќе
15.09.2026

„Top Employer“ сертификат за НЛБ Банка Меѓународно признание за квалитетно работно искуство и високи стандарди во управување со човечките ресурси

НЛБ Банка Скопје се стекна со сертификатот „Top Employer 2026“, меѓународно признание што го доделува Top Employers Institute од Холандија на организации кои применуваат високи стандарди во управувањето со човечките ресурси (ЧР) и создаваат квалитетн...

Прочитај повеќе