Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

Семинар "Жени во бизнис" во НЛБ Банка АД Скопје

На 01.06.2018 година (петок) со почеток од 10 до 14 часот во НЛБ Галеријата (на ул. Мајка Тереза бр.1, Скопје) се одржа третиот по ред семинар „Жени во Бизнис“ во соработка со Европска банка за обнова и развој (ЕБОР). Овој Семинар е дел од програмата „Жени во Бизнис“ финансирана од ЕБОР, Шведска, Луксембург и Специјалниот фонд на акционери на ЕБОР и имплементиран во соработка со НЛБ Банка АД Скопје.

 

Темата на семинарот беше „Развијте го Вашиот бизнис: Проширете го Вашиот бизнис надвор од границите на земјата”, а на истиот присуствува 40-тина преставнички и лидери на компании, кои имаа можност да добијат корисни совети за тоа како да го равијат и прошират својот бизнис надвор од земјата. Истовремено, овој настан претставуваше исклучителна можност за клиентите да ја прошират нивната мрежа на бизнис контакти, да сретнат други „Жени во Бизнис“ од Македонија, да го споделат нивното знаење и искуство за успешната соработка со НЛБ Банка.

 

 

Што претставува кредитната програма за Жени во Бизнис?

  

Договорот во висина од три милиони евра за поддршка на жените претприемачи во Македонија, помеѓу НЛБ Банка АД Скопје и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) е дел од регионалната иницијатива за Западен Балкан - Жени во Бизнисот.

Оваа сеопфатна програма е креирана за промовирање на претприемништвото кај жените, помагајќи им на малите и средни претпријатија управувани од жени во пристапот до финансии и советодавни услуги, овозможувајќи им да остварат раст во работењето.

  

За кого е наменета кредитната програма за Жени во Бизнис?

  

Програмата за „Жени во Бизнис“ е наменета и специјално фокусирана кон мали и средни претпријатија предводени од жени. Овозможува пристап до кредити во износ до 300.000 евра за финансирање на основни средства, но и на средства за тековно работење, по многу поволни услови, со рок на отплата до пет години.

Програмата воедно, нуди не-финансиска поддршка, преку советодавни услуги за изработка на бизнис стратегија, маркетинг, сметководство и информатичка технологија, вклучување во  програма за менторство, како и континуирана поддршка на бизнисот, преку локалните советници.

 

Повеќе информации за кредитната линија можете да добиете во сите 53 експозитури на НЛБ Банка АД Скопје и на веб страната на Банката: www.nlb.mk

 

 

 

     НЛБ Банка АД Скопје

Latest news

Најнови соопштенија за јавноста

24.10.2025

Успешно деветмесечје за НЛБ Банка

НЛБ Банка успешно ги заокружи деветте месеци од годинава, покажува анализата на финансиските резултати за периодот од 01.01.2025 до 30.09.2025 година. Во споменатиот период, НЛБ Банка оствари нето добивка во износ од 2.505.628 илјади МКД и забележа з...

Прочитај повеќе
13.10.2025

Известување за спроведување на истражување на задоволството на клиентите - физички и правни лица

Во периодот од 2.10.2025, НЛБ Банка спроведува втор бран анкети во рамки на “Истражување на задоволството на клиентите и истражување за брендот”. ...

Прочитај повеќе
06.10.2025

НЛБ Банка започнува со СЕПА плаќања

Од 7 октомври, НЛБ Банка официјално започнува со плаќања преку СЕПА - Единствениот европски платен простор, овозможувајќи им на своите клиенти, физички и правни лица, побрзи меѓународни трансфери во евра со сите земји членки на СЕПА, со значајно пони...

Прочитај повеќе