Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

Петти семинар „Жени во Бизнис“ во НЛБ Банка АД Скопје

На 07.12.2018 година (петок) со почеток од 10 до 14 часот во НЛБ Галеријата (на ул. Мајка Тереза бр.1, Скопје) се одржа петтиот по ред семинар „Жени во Бизнис“ во соработка со Европска банка за обнова и развој (ЕБОР). Овој семинар е дел од програмата „Жени во Бизнис“ финансирана од ЕБОР, Шведска, Луксембург и Специјалниот фонд на акционери на ЕБОР и имплементиран во соработка со НЛБ Банка АД Скопје.

 

Темата на семинарот беше “Моќта на брендирањето”, а на истиот присуствуваа 40-тина преставнички и лидери на компании, кои имаа можност да добијат корисни совети. Истовремено, овој настан претставуваше исклучителна можност за клиентите да ја прошират нивната мрежа на бизнис контакти, да сретнат други „Жени во Бизнис“ од Македонија, да го споделат нивното знаење и искуство за успешната соработка со НЛБ Банка.

Што претставува кредитната програма за Жени во Бизнис?

 

Договорот во висина од три милиони евра за поддршка на жените претприемачи во Македонија, помеѓу НЛБ Банка АД Скопје и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) е дел од регионалната иницијатива за Западен Балкан - Жени во Бизнисот.

 

Оваа сеопфатна програма е креирана за промовирање на претприемништвото кај жените, помагајќи им на малите и средни претпријатија управувани од жени во пристапот до финансии и советодавни услуги, овозможувајќи им да остварат раст во работењето.

 

 

За кого е наменета кредитната програма за Жени во Бизнис?

 

Програмата за „Жени во Бизнис“ е наменета и специјално фокусирана кон мали и средни претпријатија предводени од жени. Овозможува пристап до кредити во износ до 300.000 евра за финансирање на основни средства, но и на средства за тековно работење, по многу поволни услови, со рок на отплата до пет години.

Програмата воедно, нуди нефинансиска поддршка, преку советодавни услуги за изработка на бизнис стратегија, маркетинг, сметководство и информатичка технологија, вклучување во  програма за менторство, како и континуирана поддршка на бизнисот, преку локалните советници.

 

Повеќе информации за кредитната линија можете да добиете во сите 52 експозитури на НЛБ Банка АД Скопје и на веб страната на Банката: www.nlb.mk

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

06.08.2026

ЕБРД одобрува зелен финансиски кредит од 4 милиони евра на НЛБ Банка во Северна Македонија

Ново финансирање за станбените објекти во рамките на програмата GEFF III REpower на Западен Балкан. ...

Прочитај повеќе
04.08.2026

Известување за измени во Рамковен договор, Општи услови и Тарифа на надоместоци за правни лица

Прочитај повеќе
27.07.2026

НЛБ Банка го заокружи првото полугодие со силен раст, континуирана дигитална трансформација и унапредено клиентско искуство

НЛБ Банка го заврши првото полугодие од 2026 година, продолжувајќи со силен раст и успешна реализација на своите стратешки приоритети. Според неревидираните финансиски резултати, Банката ја зголеми кредитната активност, оствари раст на депозитната ба...

Прочитај повеќе