Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

Нoва експозитура на НЛБ Банка во Скопје - Бутел!

НЛБ Банка АД Скопје ја прошири својата Продажна мрежа со уште една локација во општина Бутел на ул. Бутелска бб. Eкспозитурата ќе го опслужува сегментот население и правни лица нудејќи сеопфатни банкарски услуги. Покрај тоа, експозитурата е опремена и со современа 24-часовна самоуслужна зона каде клиентите самостојно ќе можат да извршуваат најразлични банкарски трансакции: исплата на готовина, уплата на дневен промет, уплата на платежни и бизнис картички, уплата на сопствени сметки, плаќање на режиски трошоци како и припејд надополнување на мобилен телефон. Работното време на експозитурата ќе биде од понеделник до петок од 08:30 до 16:30 часот.

На свеченото отворање на експозитура Бутел пред присутните се обрати Претседателот на Управниот одбор на НЛБ Банка Г-дин Антонио Аргир:

 “Ми претставува вистинско задоволство да Ви посакам добредојде и заеднички да го означиме отворањето на новата експозитура на НЛБ Банка. Новата експозитура во Општина Бутел ќе биде организирана според концептот универзaлна мала банка нудејќи сеопфатни банкарски услуги за население и правни лица. Со ова, НЛБ Банка ја збогатува својата мрежа на експозитури која отсега ќе брои вкупно 54 експозитури, од кои 28 во Скопје, а останатите лоцирани во другите градови на Македонија.

Отворајќи ја оваа експозитура би сакале да придонесеме за поголема достапност на финансиските услуги до жителите на Општина Бутел и граѓаните на Скопје, а во насока на понатамошен развој на општината, НЛБ Банка донира 60.000 денари на основното училиште ОУ Панајот Гиновски наменети за уредување на спортските терени.”

 

По повод отворањето на новата експозитура, НЛБ Банка ги наградува своите клиенти, и тоа првите сто клиенти во новата експозитура кои ќе аплицираат за НЛБ кредитна или бизнис картичка ќе добијат бесплатна членарина за првата година, а првите сто клиенти кои ќе ја преземат НЛБ мКлик мобилната апликација за физички лица, ќе добијат три месеци бесплатно користење на истата.

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

01.10.2026

НЛБ Банка создава нови урбани простори за младите- Отворена првата NLB Next зона во Дебар Маало

Младите не се само дел од маалото, тие се неговиот најсилен пулс. Денеска НЛБ Банка во паркчето кај „Кино Карпош“ ја отвори првата од четирите NLB Next зони - простор што им припаѓа на младите, за нивните средби, идеи, дружења и иницијативи што го ме...

Прочитај повеќе
15.09.2026

„Top Employer“ сертификат за НЛБ Банка Меѓународно признание за квалитетно работно искуство и високи стандарди во управување со човечките ресурси

НЛБ Банка Скопје се стекна со сертификатот „Top Employer 2026“, меѓународно признание што го доделува Top Employers Institute од Холандија на организации кои применуваат високи стандарди во управувањето со човечките ресурси (ЧР) и создаваат квалитетн...

Прочитај повеќе