Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

НЛБ Галерија: Изложба на фотографии од небото над Крушево полно со змејови

На 16.8.2018 година во НЛБ Галерија, беше отворена изложба на фотографии, направени за време на Европското и Светското првенство во змејарство кои се одвиваа во Крушево од 8 до 21 јули 2018 година. Изложбата ја прогласи за отворена Владимир Бараковски, Претседател на Воздухопловната Федерација нa Македонија, кој им се заблагодари на авторите Билјана Спасковска, Виктор Богданов, Горан Цветкоски, Далибор Лазаревски, Дејан Атанасов, Димитар Михајлов, Драган Лазоски, Илина Атановска, Леонид Ристановски и Марко Цветковиќ, за импресивните фотографии.

Талентираните автори, кои се занимаваат со аматерска фотографија, се вработени на различни позиции во НЛБ Банка, а нивните дела од најдобрите моменти од меѓународните натпреварувања во змејарство и од локалните културно-историски споменици, ќе останат изложени во НЛБ Галерија се до 27.8.2018 година. Фотографиите ја доловуваат атмосферата од ова лето во Крушево, кога градот беше арена во која што се натпреваруваше светската елита од 150 пилоти, а Република Македонија по втор пат беше во фокусот на светската воздухопловна спортска јавност и домаќин на околу 300 учесници, пилоти и официјални гости кои престојуваа во Крушево за време на натпреварите организирани од Воздухопловната Федерација нa Македонија. НЛБ Банка оваа година е горд спонзор на двете првенства, кои Македонија ја ставаат на мапата на најпосакувани дестинации за спортистите и љубителите на слободно летање ширум светот.

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

06.08.2026

ЕБРД одобрува зелен финансиски кредит од 4 милиони евра на НЛБ Банка во Северна Македонија

Ново финансирање за станбените објекти во рамките на програмата GEFF III REpower на Западен Балкан. ...

Прочитај повеќе
04.08.2026

Известување за измени во Рамковен договор, Општи услови и Тарифа на надоместоци за правни лица

Прочитај повеќе
27.07.2026

НЛБ Банка го заокружи првото полугодие со силен раст, континуирана дигитална трансформација и унапредено клиентско искуство

НЛБ Банка го заврши првото полугодие од 2026 година, продолжувајќи со силен раст и успешна реализација на своите стратешки приоритети. Според неревидираните финансиски резултати, Банката ја зголеми кредитната активност, оствари раст на депозитната ба...

Прочитај повеќе