Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

NLB Banka vrabotuva

Почитувани,

  

НЛБ Банка како една од водечките Банки во Р.Македонија и лидер на пазарот во дел  на современи банкарски услуги,  својот успех го темели на имплементацијата на висококвалитетни стандарди во работењето, модерната инфраструктура на информатичката технологија, успешната пазарна стратегија.

Во таа насока ве поттикнуваме да бидете дел од нашата Банка и нашиот тим на успешни професионалци, посветени на барањата на клиентите, успехот, иновациите и предизвиците во работата, каде што меѓусебната доверба и соработка меѓу членовите на тимовите и колегите во Банката се основни начела и вредности на нашето работење/делување, вклучувајќи бројни можности за обука и личен/професионален развој.

  

НЛБ Банка, во секторот за информатичка технологија нуди отворенa работнa позиција во рамки на кои имате можност да работите на имплементирање и поддршка на ИТ решенија и платформи, давате предлози за воведување на нови решенија и подобрувања на банкарското работење од областа на  ИТ технологијата кон деловните корисници и клиентите на Банката.

   

Отворенaта работна позиција Администратор на бази на податоци во Секторот за информатичка технологија е со следниот опис:

   

  • конфигурација, одржување и управување со базите на податоци;
  • планирање на стратегија и архитектура на базите на податоци;
  • следење, безбедносен надзор и усогласување на работата на базите на податоци и предлагање на промени и подобрувања;
  • изработка на безбедносни копии и обновување на базите на податоци;
  • следење на перформансите и функционирањето на базите и нивно оптимизирање;
  • соработка при развој на апликации;
  • изработка на упатства, прирачници и стандарди;
  • предлагање и реализација на безбедносни политики и обезбедување на безбедносни механизми.

 

Потребни минимум квалификации, вештини и способности за работно место Администратор на бази на податоци:

    

  • Завршено високо образование од технички области (Информатика, Електротехника);
  • Минимум две години работно искуство со администрација на бази на податоци;
  • Активно познавање на Microsoft SQL Server;
  • Способност за тимска работа и самоиницијативност;
  • Способност за одлучување;
  • Активно познавање на странски јазик (англиски јазик).

Заинтересираните кандидати своите податоци и CV-ја можат да ги достават на следниот линк најдоцна до 31.01.2018 година со избирање на работната позиција Администратор на бази на податоци. 

 

  

Со почит,

  

НЛБ Банка АД Скопје

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

01.10.2026

НЛБ Банка создава нови урбани простори за младите- Отворена првата NLB Next зона во Дебар Маало

Младите не се само дел од маалото, тие се неговиот најсилен пулс. Денеска НЛБ Банка во паркчето кај „Кино Карпош“ ја отвори првата од четирите NLB Next зони - простор што им припаѓа на младите, за нивните средби, идеи, дружења и иницијативи што го ме...

Прочитај повеќе
15.09.2026

„Top Employer“ сертификат за НЛБ Банка Меѓународно признание за квалитетно работно искуство и високи стандарди во управување со човечките ресурси

НЛБ Банка Скопје се стекна со сертификатот „Top Employer 2026“, меѓународно признание што го доделува Top Employers Institute од Холандија на организации кои применуваат високи стандарди во управувањето со човечките ресурси (ЧР) и создаваат квалитетн...

Прочитај повеќе