Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

НЛБ Банка со награда за „Сајт на годината“ за 2018 година во Македонија

На доделувањето на наградите на манифестацијата„Сајт на годината“, веб страницата на НЛБ Банка: nlb.mk го доби признанието за најдобар сајт во Македонија, во категоријата финансиски услуги, банкарство и осигурување.

Ова е трета награда за НЛБ Банка на манифестацијата „Сајт на годината“, откако во 2016 и 2017 година Банката ги доби наградите апликација на годината (за апликацијата НЛБ mKlik) и сајт на годината.

 

Со ова признание НЛБ Банка доби уште една потврда за високиот квалитет на своите услуги на полето на онлајн и дигиталното банкарство. Следејќи ги глобалните текови, според кои едноставноста и функционалноста се најдобар начин за приближување на банкарските услуги до корисниците, НЛБ Банка на своите клиенти им овозможува заштеда на време и средства.

 

Како една од своите приоритетни стратешки цели, НЛБ Банка и во иднина ќе продолжи да инвестира во своето онлајн и дигитално портфолио, сѐ со цел на клиентите да им ги обезбеди најсовремените и најквалитетните банкарски услуги.

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

01.10.2026

НЛБ Банка создава нови урбани простори за младите- Отворена првата NLB Next зона во Дебар Маало

Младите не се само дел од маалото, тие се неговиот најсилен пулс. Денеска НЛБ Банка во паркчето кај „Кино Карпош“ ја отвори првата од четирите NLB Next зони - простор што им припаѓа на младите, за нивните средби, идеи, дружења и иницијативи што го ме...

Прочитај повеќе
15.09.2026

„Top Employer“ сертификат за НЛБ Банка Меѓународно признание за квалитетно работно искуство и високи стандарди во управување со човечките ресурси

НЛБ Банка Скопје се стекна со сертификатот „Top Employer 2026“, меѓународно признание што го доделува Top Employers Institute од Холандија на организации кои применуваат високи стандарди во управувањето со човечките ресурси (ЧР) и создаваат квалитетн...

Прочитај повеќе