Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

НЛБ Банка со две промотивни кампањи од 1- ви септември!

НЛБ Потрошувачки кредити без трошоци за одобрување, електронско банкарство за правни лица без трошоци за плаќања, како и бесплатна Mastercard Business картичка, се поволностите што ги нуди НЛБ Банка преку две промотивни кампањи кои стартуваа од 01.09.2018 година!

Во рамките на понудата за физички лица, НЛБ Банка нуди потрошувачки кредити со поволни кредитни услови и каматни стапки. Каматните стапки на НЛБ Потрошувачките кредити почнуваат од 6% годишно, при што каматната стапка е фиксна за првите две години. Во рамки на промотивната кампања која ќе трае до 31- ви октомври, кредитите со животно осигурување и сребрените кредити ќе се одобруваат без манипулативни трошоци, а сите останати со 50% пониски трошоци.

   

Исто така, отсега клиентите ќе имаат можност да аплицираат online на следниот линк за НЛБ кредитите, со брза и едноставна постапка за одобрување на кредитот.

   

Втората промотивна кампања се однесува за НЛБ Проклик - електронско или НЛБ мПроклик мобилно банкарство. Сите правни лица што ќе аплицираат до 30.09.2018 година ќе можат да ги реализираат сите свои електронски плаќања без трошоци за електронско банкарство до крајот на октомври. Исто така имаат можност да добијат бесплатна Mastercard Business картичка за првата година на користење и промотивен подарок.

 

Повеќе информации за промотивните кампањи за физички и правни лица можат да се добијат во најблиската експозитура на Банката, на телефон 02 / 15 600 или на веб-страницата: www.nlb.mk

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

10.11.2026

Вашиот следен чекор кон сопствен дом со НЛБ Банка - Станбен кредит со каматна стапка од 2,95%

Сопствениот дом е повеќе од адреса. Тој е омилениот простор за утринско кафе, просторот за заеднички моменти и местото во кое новите планови добиваат своја соба. За сите што се подготвуваат за овој важен животен чекор, НЛБ Банка нуди станбени кредити...

Прочитај повеќе
09.11.2026

Известување за спроведување на истражување на задоволството на клиентите - физички и правни лица

Почитувани клиенти, Ве информираме дека во периодот од 9.11.2026, НЛБ Банка спроведува анкети во рамки на “Истражување на задоволството на клиентите и истражување за брендот....

Прочитај повеќе
06.11.2026

Во пресрет на имлементација на регулаторните промени во националниот платен промет, системски прилагодувања и времена недостапност на услуги и локации

Во текот на претстојниот викенд НЛБ Банка ќе спроведува планирани технички прилагодувања на своите системи за примена на регулаторните промени во националниот платен промет, кои стапуваат на важност од понеделник, 9 ноември 2026 година....

Прочитај повеќе