Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

НЛБ Банка со две промотивни кампањи од 01.11.2018 година

По повод првиот роденден на НЛБ haPPy картичките, НЛБ Банка подготви промотивна кампања во периодот од 01.11.2018 до 31.12.2018 година.

 

Во рамки на промотивната кампања, за секоја ПОС трансакција реализирана со НЛБ haPPy кредитните картички, клиентите добиваат двојно поголем износ на кешбек (поврат на средства). Максималниот износ на двоен кешбек за време на промотивниот период е до 20% од износот на трансакцијата.

НЛБ haPPy картичката e кобрендирана револвинг кредитна картичка од програмата на Mastercard која на клиентите им нуди загарантиран поврат на средства (кешбек) со секое купување во земјата и странство. Износот на поврат на средства е во зависност од продажното место на кое е реализирана трансакцијата.

За НЛБ haPPy кредитната картичка клиентите можат да аплицираат во експозитурите на НЛБ Банка или во продажните места на Нептун.

 

Покрај оваа промотивна кампања, Банката ја продолжува промотивната кампања за потрошувачки кредити до 31.12.2018 година. Во рамките на понудата, НЛБ Банка нуди потрошувачки кредити со поволни кредитни услови и каматни стапки. Каматните стапки на НЛБ Потрошувачките кредити почнуваат од 6% годишно, при што каматната стапка е фиксна за првите две години. Во рамки на промотивната кампања кредитите со животно осигурување и сребрените кредити ќе се одобруваат без манипулативни трошоци, а сите останати со 50% пониски трошоци.

Исто така, клиентите можат да аплицираат во најблиската експозитура на Банката или online на следниот линк

 

Повеќе информации клиентите можат да добијат во најблиската експозитура на Банката, на телефон 02/ 15 600 или на веб страницата www.nlb.mk

 

Со почит,


НЛБ Банка АД Скопје 

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

01.10.2026

НЛБ Банка создава нови урбани простори за младите- Отворена првата NLB Next зона во Дебар Маало

Младите не се само дел од маалото, тие се неговиот најсилен пулс. Денеска НЛБ Банка во паркчето кај „Кино Карпош“ ја отвори првата од четирите NLB Next зони - простор што им припаѓа на младите, за нивните средби, идеи, дружења и иницијативи што го ме...

Прочитај повеќе
15.09.2026

„Top Employer“ сертификат за НЛБ Банка Меѓународно признание за квалитетно работно искуство и високи стандарди во управување со човечките ресурси

НЛБ Банка Скопје се стекна со сертификатот „Top Employer 2026“, меѓународно признание што го доделува Top Employers Institute од Холандија на организации кои применуваат високи стандарди во управувањето со човечките ресурси (ЧР) и создаваат квалитетн...

Прочитај повеќе