Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

НЛБ Банка со две промотивни кампањи и промена на каматните стапки на денарските депозити за физички

 Во периодот од 15.09.2018 до 31.12.2018 година НЛБ Банка води промотивна кампања за станбени и хипотекарни кредити за физички лица.

 

Во рамки на кампањата, се воведува Промотивен станбен кредит со најниска каматна стапка од 3,3% фиксна за првите 3 години. Каматната стапка за следните три години е фиксна и изнесува 4%, а каматната стапка за остатокот од периодот е варијабилна и изнесува 5% + шестмесечен Еурибор. Промотивниот станбен кредит ќе се одобрува без трошоци за одобрување и без трошоци за проценка.

Исто така, во промотивниот период, сите хипотекарни и станбени кредити со животно осигурување (ризико полиса), ќе се одобруваат без манипулативни трошоци и без трошоци за проценка. Останатите кредити ќе се одобруваат со 50% пониски манипулативни трошоци.

 

Покрај оваа промотивна кампања, во периодот од 15.09.2018 до 31.10.2018 година, Банката води промотивна кампања за НЛБ Mastercard кредитните картички за физички лица. Во рамки на кампањата за сите новоиздадени картички во промотивниот период следува бесплатна членарина за првата година на користење. За направени најмалку 10 ПОС трансакции со картичката во периодот од 15.09.2018 до 30.11.2018 година следува уште една година гратис.

 

Воедно, како резултат на движењата на каматните стапки на пазарот како и макроекономската политика, НЛБ Банка изврши намалување на каматните стапки на депозитите за физички лица во МКД од 0,1 до 0,3 процентни поени. Новите каматни стапки се со важност од 15.09.2018 година и се однесуваат на сите постојни и новосклучени договори за депозити. Кај постојните договори за депозити, важечката каматна стапка ќе се аплицира на датумот на реорочување на договорот.

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

01.10.2026

НЛБ Банка создава нови урбани простори за младите- Отворена првата NLB Next зона во Дебар Маало

Младите не се само дел од маалото, тие се неговиот најсилен пулс. Денеска НЛБ Банка во паркчето кај „Кино Карпош“ ја отвори првата од четирите NLB Next зони - простор што им припаѓа на младите, за нивните средби, идеи, дружења и иницијативи што го ме...

Прочитај повеќе
15.09.2026

„Top Employer“ сертификат за НЛБ Банка Меѓународно признание за квалитетно работно искуство и високи стандарди во управување со човечките ресурси

НЛБ Банка Скопје се стекна со сертификатот „Top Employer 2026“, меѓународно признание што го доделува Top Employers Institute од Холандија на организации кои применуваат високи стандарди во управувањето со човечките ресурси (ЧР) и создаваат квалитетн...

Прочитај повеќе