Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

НЛБ Банка со донација за Територијалната противпожарна единица во Берово

НЛБ Банка донираше опрема на Територијалната противпожарна единица во Берово. За потребите на службата, НЛБ Банка обезбеди делови за хидрант, црева, продолжетоци и спојувања, млазница и моторна прскалка - опрема која раководството на службата ја посочи како неопходна за превенција и справување со пожари.

 

„Пожарите во текот на летото и проблемите со кои се соочуваа противпожарните единици во земјава покажаа недостаток на потребната противпожарна опрема. Со цел да обезбедиме подобра контрола на пожарите, веднаш и без двоумење одговоривме на барањето на Противпожарната единица во Берово, поттикнати од серијата големи шумски пожари, во кои посебно беше загрозен Малешевскиот крај. Пожарите се катастрофи кои директно го загрозуваат животот и здравјето на граѓаните, шумскиот фонд и целокупниот биодиверзитет во земјата. Веруваме дека со оваа донација даваме придонес кон зголемување на капацитетите, подготвеноста и ефикасноста на единицата на противпожарна заштита во превенција и справување со пожари.“’ – велат од НЛБ Банка.

 

„Малешевскиот регион изобилува со високо-стеблеста шума и пожарот кој ова лето го погоди нашиот крај навистина предизвика огромна и ненадоместлива штета. За жал, пожари беснееа низ целата земја што ја потенцираше потребата од добро обучени кадри и квалитетна опрема за противпожарните служби. Со оглед на сé повисоките температури во текот на летото, шумските пожари се и остануваат голем предизвик за единиците на противпожарна заштита и институциите. Токму затоа, упатуваме огромна благодарност до НЛБ Банка која уште еднаш ја потврди својата општествена одговорност и излезе во пресрет на нашите барања за дополонување и обнова на нашата противпожарна опрема.“ – истакнува Сашко Руменовски, Командир на Територијалната противпожарна единица во Берово.  

Оваа донација на НЛБ Банка е надополнување на донацијата во медицинска опрема и лекови коja летово ја обезбеди Словенечката амбасада во Р. Северна Македонија, а беше наменета за екипите на противпожарната заштита и пожарникарите кои дојдоа на испомош од Словенија во Берово и истата претставува одличен пример на солидарност и меѓуинституционална соработка во служба на општественото добро.

 

НЛБ Банка е општественo одговорна компанија и активен чинител во средината во која делува. Банката е силно посветена на проекти кои овозможуваат одржливост, со посебен фокус на организации, служби и институции од јавен карактер кои имаат витална улога во општеството и работат за добробит на заедницата.

 

 

НЛБ Банка АД Скопје 

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

22.05.2026

НЛБ Банка со зголемен максимален износ на станбените кредити и нова промоција - Без манипулативни трошоци и трошоци за проценка

НЛБ Банка воведува новини во понудата на станбени кредити со кои дополнително ја унапредува достапноста и атрактивноста на финансирањето за купување дом. Истовремено, Банката започна промотивна кампања, нудејќи дополнително олеснување и значајна зашт...

Прочитај повеќе
20.05.2026

НЛБ Банка ја воведува услугата Visa Direct - Брзи и безбедни парични трансфери во реално време

НЛБ Банка воведува нова услуга, Visa Direct, дизајнирана да обезбеди брзи, безбедни и поедноставени парични трансфери,со што дополнително се унапредува финансиската флексибилност и секојдневното корисничко искуство на клиентите. Ова современо дигитал...

Прочитај повеќе
27.04.2026

Силен прв квартал за НЛБ Банка - Одржлив раст, дигитална трансформација и унапредување на корисничкото искуство

НЛБ Банка успешно ги заокружи првите три месеци од годинава, покажува анализата на финансиските резултати на Банката за периодот од 01.01.2026 до 31.03.2026 година. Како резултат на доследно спроведување на планот за 2026 и иницијативите од „Стратеги...

Прочитај повеќе