Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

НЛБ Банка АД Скопје со значителен учинок кон добивката на НЛБ Групацијата од 225,1 милиони евра и добитник на Europe Banking Awards

НЛБ Групацијата четврта година по ред бележи континуирано зголемување на нето добивката, при што во 2017 година има остварено рекордна нето добивка од 225,1 милиoни евра што претставува зголемување за 105% во однос на претходната година.  

 

Во изминатата година сите банки - членки на НЛБ Групацијата работеа профитабилно и придонесоа кон постигнатиот резултат, со учество од 40% во вкупната нето добивка. НЛБ Банка АД Скопје значително придонесе кон вкупната добивка на НЛБ Групацијата со рекордната нето добивка од 34,6 милиони евра по локалната методологија или 40 милиони евра по НЛБ методологијата.

   

Како потврда за одличните резултати, НЛБ Банка АД Скопје на Europe Banking Awards 2017, втора година по ред е прогласена за Најдобра банка во Македонија од финансискиот магазин ЕМЕА.

Клучен придонес во зголемување на добивката на НЛБ Групацијата за 2017 година имаат одличните резултати од продажбата на банкарски и небанкарски продукти, подобрување на трошковната ефикасност, како и доброто управување со портфолиото на проблематични пласмани. Истовремено, имајќи ја предвид стратегијата на НЛБ која во фокусот на работењето го има задоволството на своите клиенти, континуирано и посветено работи на изнаоѓање на најоптимални решенија за секој поединечен клиент.  

  

НЛБ Банка АД Скопје и понатаму ќе продолжи да ги следи светските технолошки трендови и како современа и креативна банка да биде посветена на дигитализацијата и унапредување на банкарските процеси. Паралелно со постојаното надградување на дигиталните сервиси, континуирано ќе ја осовременува и проширува мрежата на експозитури на Банката. На тој начин на своите клиенти им дава избор  да се одлучат за новите и современи или за традиционалните начини на работење со Банката

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

22.05.2026

НЛБ Банка со зголемен максимален износ на станбените кредити и нова промоција - Без манипулативни трошоци и трошоци за проценка

НЛБ Банка воведува новини во понудата на станбени кредити со кои дополнително ја унапредува достапноста и атрактивноста на финансирањето за купување дом. Истовремено, Банката започна промотивна кампања, нудејќи дополнително олеснување и значајна зашт...

Прочитај повеќе
20.05.2026

НЛБ Банка ја воведува услугата Visa Direct - Брзи и безбедни парични трансфери во реално време

НЛБ Банка воведува нова услуга, Visa Direct, дизајнирана да обезбеди брзи, безбедни и поедноставени парични трансфери,со што дополнително се унапредува финансиската флексибилност и секојдневното корисничко искуство на клиентите. Ова современо дигитал...

Прочитај повеќе
27.04.2026

Силен прв квартал за НЛБ Банка - Одржлив раст, дигитална трансформација и унапредување на корисничкото искуство

НЛБ Банка успешно ги заокружи првите три месеци од годинава, покажува анализата на финансиските резултати на Банката за периодот од 01.01.2026 до 31.03.2026 година. Како резултат на доследно спроведување на планот за 2026 и иницијативите од „Стратеги...

Прочитај повеќе