Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

НЛБ Банка АД Скопје добитник на Националната награда за општествена одговорност за 2018 година

НЛБ Банка АД Скопје е добитник на Националната награда за најдобри општествено одговорни практики за 2018 година, во категоријата вложување во заедницата со проектот „Пријателство со Специјална Олимпијада Македонија“.

Станува збор за проект кој започна во 2016 година, а кој со текот на времето прерасна во едно трајно пријателство, кое продолжува со предизвикот за нови успеси на престојната Специјална Олимпијада во Абу Даби 2019 година.

  

Наградата е доказ за посветеноста на Банката и вработените, кон пријателството со Специјална Олимпијада и нивните атлети, со кои заедно спортуваме и другаруваме.

 

Националната награда за општествена одговорност се доделува 11 година по ред од страна на Националното координативно тело за општествена одговорност на претпријатијата и Министерство за економија на Република Македонија. Годинава во конкуренција од 38 проекти, од кои 45% беа во категоријата „вложување во заедницата“ НЛБ Банка вторпат ја доби оваа награда. Првата награда Банката ја освои за проектот: „НЛБ Галерија“.

 Со почит, 

 

НЛБ Банка АД Скопје

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

01.10.2026

НЛБ Банка создава нови урбани простори за младите- Отворена првата NLB Next зона во Дебар Маало

Младите не се само дел од маалото, тие се неговиот најсилен пулс. Денеска НЛБ Банка во паркчето кај „Кино Карпош“ ја отвори првата од четирите NLB Next зони - простор што им припаѓа на младите, за нивните средби, идеи, дружења и иницијативи што го ме...

Прочитај повеќе
15.09.2026

„Top Employer“ сертификат за НЛБ Банка Меѓународно признание за квалитетно работно искуство и високи стандарди во управување со човечките ресурси

НЛБ Банка Скопје се стекна со сертификатот „Top Employer 2026“, меѓународно признание што го доделува Top Employers Institute од Холандија на организации кои применуваат високи стандарди во управувањето со човечките ресурси (ЧР) и создаваат квалитетн...

Прочитај повеќе