Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

Известување за реновирање на eкспозитура Карпош 3

Почитувани клиенти, 

   

Ве информираме дека во периодот од 09.05.2018 до 12.05.2018 година ќе се реновира деловниот простор на експозитурата Карпош 3.

   

Во периодот од 09.05.2018 (среда) до 11.05.2018 (петок), експозитурата ќе работи со скратено работно време од 08:00 до 16:00 часот, а клиентите ќе можат да реализираат само безготовински трансакции, како и да ги користат услугите лично банкарство, кредитирање и кредитни картички. Благајните за готовински трансакции нема да работат.

  

На 12.05.2018 (сабота) експозитурата нема да работи.

  

 Готовинските трансакции можете да ги извршите во најблиските експозитури на НЛБ Банка:

  

  • Експозитура Карпош 4 (Бул. Партизански Одреди бр.88-6/1 , работно време: понеделник – петок 09.00 – 17.00)
  • Експозитура Ѓорче Петров (Ул. Исаија Мажовски бр.42 , работно време: понеделник – петок: 09.00 – 17.00 сабота: 09.00 – 13.00)
  • Експозитура Универзална сала (Бул. Партизански одреди бр. 43 , работно време: понеделник – петок: 09.00 – 17.00, сабота: 09.00 – 13.00)
  • Експозитура Капиштец (Ул. Франклин Рузвелт бр.1, работно време: понеделник – петок: 08.00 – 17.00, сабота: 09.00 – 13.00)

  
Покрај тоа, на располагање Ви стојат и електронското банкарство НЛБ Клик и мобилното банкарство НЛБ мКлик, како и Контакт центарот 02/ 15 600.

 

Реновирањето на експозитурата е во насока на модернизирање на просторот во кој се опслужуваат клиентите на Банката, во една нова и современа експозитура со крајна цел зголемување на корисничкото задоволство.

  

Со почит,

 

НЛБ Банка АД Скопје

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

01.10.2026

НЛБ Банка создава нови урбани простори за младите- Отворена првата NLB Next зона во Дебар Маало

Младите не се само дел од маалото, тие се неговиот најсилен пулс. Денеска НЛБ Банка во паркчето кај „Кино Карпош“ ја отвори првата од четирите NLB Next зони - простор што им припаѓа на младите, за нивните средби, идеи, дружења и иницијативи што го ме...

Прочитај повеќе
15.09.2026

„Top Employer“ сертификат за НЛБ Банка Меѓународно признание за квалитетно работно искуство и високи стандарди во управување со човечките ресурси

НЛБ Банка Скопје се стекна со сертификатот „Top Employer 2026“, меѓународно признание што го доделува Top Employers Institute од Холандија на организации кои применуваат високи стандарди во управувањето со човечките ресурси (ЧР) и создаваат квалитетн...

Прочитај повеќе